Казната за лажењето на судиите на трката во Мелбурн ќе се активира ако тимот во следните 12 месеци стори нов прекршок.
Казната за лажењето на судиите на трката во Мелбурн ќе се активира ако тимот во следните 12 месеци стори нов прекршок.
Мекларен доби условна забрана за настап на три трки за намерно доведување во заблуда на судиите на трката за Големата награда на Австралија во март, соопшти Интернационалната автомобилистичка федерација. Таа дообјаснува дека начинот на кој шефот на екипата Мартин Витмарш се извинил за инцидентот бил земен предвид откако тимот на светскиот шампион Луис Хамилтон беше обвинет по пет основи за нарушување на угледот на овој спорт.
„Имајќи ги предвид отворениот и искрен начин на кој тимскиот шеф на Мекларен, Мартин Витмарш, му се обрати на Светскиот совет за мотоспорт, како и промената на однесувањето во тимот за кои тој даде уверување, Советот реши да ја суспендира примената на казната за која смета дека е соодветна“, стои во соопштението на ФИА. „Казната подразбира забрана за настап на три трки од Светскиот шампионат, а ќе биде извршена само ако се појават нови факти поврзани со случајот или ако во следните 12 месеци има нов престап од тимот“.
Се’ почна кога Хамилтон, кој не присуствуваше на сослушувањето во Париз, и тимот негираа дека возачот добил инструкции да го пушти Јарно Трули од Тојота да го престигне следејќи го безбедносното возило, и покрај наредбата што беше „фатена“ на снимката од радио-врската. Хамилтон се извини на прес-конференција на следната трка во Малезија, изјавувајќи дека бил доведен во заблуда од тимот што го суспендира, а потоа и го отпушти спортскиот директор Дејв Рајан. Хамилтон подоцна издаде и извинување написмено за создавањето ситуација за која рече дека била најлоша што некогаш ја искусил. Суспензијата од три трки во моментов би била тежок удар за разнишаните надежи на Хамилтон дека ќе ја одбрани титулата ако се знае дека 24-годишниот Британец веќе заостанува 22 поена зад лидерот и сонародник Џенсон Батон по птвите четири од вкупно 17 трки сезонава.
Првиот човек на Формула 1, Берни Еклстоун, експресно изрази задоволство од пресудата.
„Одлуката е добра за сите“, смета тој. „Ги удрија по прсти и тоа е се’ што им треба во моментов. Доволно се казнети“, и’ изјави Еклстоун на толпата известувачи насобрана пред седиштето на ФИА на плоштадот „Конкорд“ во Париз.
И претседателот на ФИА, Макс Мозли, е на иста бранова должина.
„Сметаме дека ова е наполно фер“, изјави тој. „Тие покажаа дека целосно го смениле своето однесување, се’ е поинаку одошто беше и во овие околности изгледа подобро да се остави целата работа зад нас, што и го сторивме. Додека не се случи нешто слично во иднина, ова е крајот на случајот“.
Витмарш, плашејќи се дека уште една тешка казна би била тешка за проголтување од 40-процентниот сопственик „Мерцедес“ во сегашната финансиска криза, неодамна му пиша на Мозли, нудејќи „безрезервно извинување“ и признавајќи дека тимот ги прекршил правилата. Тој се задржа помалку од еден час на сослушувањето и на излегување уште еднаш и’ се извини на јавноста преку новинарите.
„Згрешивме и се извинуваме на ФИА и на јавноста“, изјави Витмарш, кој пред почетокот на сезоната го замени долгогодишниот тимски шеф на Мекларен, Рон Денис, кој, пак, по скандалот со мамењето беше отстранет од одделот за Ф1-операции на „Мекларен груп“ и префрлен во друг. „Се надевам дека овде ќе биде повлечена линија и оти сега ќе се сконцентрираме на трките“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град