Уште една природна реткост ќе се искористи за туристички цели. Поствулканската појава Дувало ќе се заштити и ќе се промовира со цел истата во иднина да стане атрактивна туристичка дестинација. Проектот, кој се спроведува од страна на Здружението за одржлив развој “Синиот Проект” од Охрид, е дел од Програмата за подобрување со управувањето на заштитените подрачја, финансирана од Европската унија, а имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Поствулканската појава Дувало ќе стане туристичка атракција. Оваа идеја датира одамна но сега во тек е имплементација на проектот „Дувало“ : од предизвик до решение – Промоција и заштита за одржлива заедница”.
Основна цел на проектот е да се подигне степенот на заштита и промоција на природната рекост „Дувало“ преку вклучување на локалната заедница. „Дувало“ претставува активна поствулканска појава која се наоѓа во непосредна близина на селото Косел, недалеку од Охрид. Има изглед на минијатурен кратер со пречник од 0,5м и длабочина од 30см. „Дувало“ претставува последен знак на изумирање на некогашна вулканска активност во регионот, вели Тања Ѓеоргиева-проектен координатор.
Сулфатарата Дувало во Косел е поствулканска појава, една од ретките од ваков вид во овој дел на Европа. Со самиот ваков карактер сулфатарата преставува природен феномен, поради што во 70-тите од страна на Собранието на Општина Охрид се стекнува со статус на природна реткост.
Во рамките на овој проект ќе се превземат конкретни активности за заштита и промоција на феноменот “Дувало” со цел истиот во иднина да стане атрактивна туристичка дестинација.
Овој природен феномен се очекува да стане отворена училница по географија, која во иднина ќе биде посетувана од страна на бројни ентузијасти од областа на геологијата, географија, сеизмологија, заштита на природата и сл., вели Ѓеоргиева.
Проектот, кој се спроведува од страна на Здружението за одржлив развој “Синиот Проект” од Охрид, е дел од Програмата за подобрување со управувањето на заштитените подрачја, финансирана од Европската унија, а имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Сега следуваат повеќе активности. Најпрво ќе се изработи студија за истражување на геолошките карактеристики на локалитетот. Соработката со Лoкалната самоуправа и Министерството за животна срединае одлична, а посебно радува фактот што за имплементација на овој проект е заинтересирано и локалното население без чија поддршка истиот не би можел да се реализира.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град