80 обучени спасители летово ќе се грижат за безбедноста на плажите в долж Охридско-Струшкото крајбрежје, а и на Преспанското езеро. Општинскиот Црвен крст покрај со спасители капалиштата ги обезбеди и со пет спасителни чамци , а ќе бидат ангажирани и екипи на парамедици. На граѓаните останува да одлучат дали ќе одат на безбедна или на необезбедена плажа.
Охридските капалишта обезбедени со спасители на вода. Општинскиот Црвен крст ова лето ангажира 80 обучени спасители кои ќе се грижат за безбедноста на плажите в долж Охридско-Струшкото крајбрежје, а и на Преспанското езеро. Ќе се ставени во функција пет спасителни чамци , а ќе бидат ангажирани и екипите на парамедици.
Се надеваме дека нема да имаме некои посериозни инциденти бидејќи и спасителите делуваат и превентивно со самите капачи, а концесионерите секако треба да ги следат сите инструкции, препораки и насоки кои што ги даваме, а кои се потребни за да го обезбедат самото капалиште, вели Сашо Точков, претседател на Црвен крст Охрид.
Точков објаснува дека секое капалиште треба да има пункт за укажување прва помош и набљудувачница, а најважно од се е капалиштето да биде соодветно обележано. Охридските плажи кои што се под концесија во 90% ги задоволуваат условите, што не е случај и со плажите на струшкиот дел од крајбрежјето. Таму само неколку плажи имаат ангажирано спасители.
Поголемиот дел од капалиштата во Струга не само што немаат спасители туку и ги немаат исполнето условите за безбедни капалишта, а истиот случај е и на Преспанското езеро. Очекуваме најдоцна до 15ти јули да имаме обезбедување на капалиштата и чиста ситуација, вели Точков.
После 15ти јули Црвен крст јавно ќе објави кои капалишта на Охридско-струшкото крајбрежје, а и во Преспа се обезбедени со спасители, а кои не. Тоа ќе се направи преку медиумите, во Министерството за транспорт и врски и во Охридската капетанија. Потоа останува на граѓаните самите да одлучат дали ќе одат на безбедна или на необезбедена плажа.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град