Имаат рок да ги отстранат до крајот на оваа недела.
Тротоарите на Булеварот Туристичка денес беа празни. Ги немаше бројните тезги во близина на градскиот пазар на кои се продаваа текстилни производи.
Сопствениците ги отстранија нелегално поставените тезги поради денес добиената последна опомена од општинскиот инспекторат – што поскоро да ги отстранат тезгите. Во спротивно, тоа ќе го направат надлежните инспектори во придружба на полиција.
Од општинскиот инспекторат информираат дека отстранувањето на „диво“ поставените тезги и останатата урбана опрема, ќе се одвива уште во текот на оваа недела. Ќе бидат отстранети и тезгите чии сопственици не го регулирале поставувањето на опремата и не ги подмириле обврските за плаќање закуп за минатата година.
Правните субјекти кои сакаат да користат урбана опрема на јавните површини на подрачјето на општината се должни да ги регулираат своите обврски и права со соодветен договор. Должни се да набават дозвола за поставување и користење урбана опрема од Секторот за урбанизам.
Продажбата на бижутерија, текстилни производи, сувенири и ракотворби е дозволена само во рамките на градскиот пазар.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град