Започнува „Баскерфест“

Започнува „Баскерфест“. Во овој театар на отворено кој што ќе се одвива низ охридската чаршија и градскиот плоштад ќе можат да уживаат сите кои сакаат интерактивна забава. Артисти од целиот свет ќе изведуваат перформанси од кои застанува здивот.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Театар на отворено. Денес и утре охриѓани ќе имаат можност да ги проследат атрактивните баскер артисти, како и музичарите кои што се дел од годинешниот „Баскерфест“. Артисти има речиси од секаде во светов. Ќе има циркус, фрлање со ножеви, жонглирање со оган. А најзгодниот магионичар на светот кој доаѓа од Бразил ќе го изведе своето шоу со илузии и магични трикови на кое никој не останува рамнодушен.

Најпрво благодарност до општина Охрид за нејзината поддршка. Баскерфест се одржува по четврти пат а задоволство ни е што годинава го отвараме во Охрид, бидејќи нашите артисти без исклучок многу го сакаат Охрид, вели Сандра Темова-организатор на „Баскерфест“.

Хиро-Сан доаѓа од далечната Јапонија, а неговото улично шоу е вистинска атракција. Комбинација од боречки вештини, неколку интересни трикови, акробации, како и вклученост на многу посетители во точката.

Од декември до април бев на многу фестивали во Аргентина, пред да дојдам во Македонија имав мал одмор и сега еве во Охрид што ми е навистина задоволство, вели Хиро Сан.

Ферца од Аргентина е кловн и акробат кој со сигурност ќе ги развесели најмладите. Неговите точки вклучуваат акробации на високи столчиња, но и многу хумор.

Пред да дојдам во Охрид имав настапи насекаде, во Аргентина Загреб, Италија, но колку што можев да видам за ова кратко време Охрид е многу убав, вели Ферца.

„Баскерфест“ или како што популарно го нарекуваат театар на отворено кој што ќе се одвива низ охридската чаршија и градскиот плоштад е одлична можност за интерактивна забава за секоја возраст.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top