Монодрамата „Исповед на една Егејка“ пред охриѓани

Младата актерка – аматер Христина Цветаноска пред охриѓани ќе настапи со монодрама „Исповед на една Егејка“.

 |  Валентина Нелоска  | 
kniga
книга

Љубителите на драмската уметност ќе имаат несекојдневна можност, на малата сцена во центарот за култура  да ја погледаат  монодрамата „Исповед на една Егејка“. Текстот  е обработка на  романот „Небеска Тимјанова“ од Петре М. Андреески.

Монодрамата ја изведува  младата  актерка – аматер, Христина Цветаноска. Монодрамата е морничава исповед на една жена од  Егејска Македонија, преку која  писателот Андреевски го открива прашањето на Македонците за време на Граѓанската војна во Грција.

pres konferencijaИзборот на оваа монодрама е проектна активност на професорите Славе Ѓорго Димоски и Светлана Голабоска , кои  режијата и ја доверија  на Анета Јованоска.Таа е координатор за млади од Црвениот крст Охрид и вели со културни настани ја развиваат  хуманоста кај младите.

Монодрамата „Исповед на една Егејка“ е  во траење од 40 минути. Подготвувана е интензивно 10-тина  дена, а е подржана од Црвениот крст и Центарот за култура Григор Прличев. Премиерата на монодрамата  е во среда во 20 часот ,а влезот за посетителите  е слободен.  

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top