ЈП „Градски Гробишта“, ќе остварува дополнителни приходи со изградба на фотовалтична централа со капацитет од 400 киловати. Таа ќе се гради на паркингот на Јавното претпријатие, открива директорот Ванчо Костоски. Со реализација на вакви проекти и со домаќинско работење, раководството смета дека Јавно претпријатие за една година ќе се опорави од големиот наследен долг.
Изградба на фотовалтична централа најавува директорот на ЈП „Градски Гробишта“, Ванчо Костоски. Дирекоторт смета дека со реализација на еден ваков проект ќе се подобри финансиската состојба на ова Јавно претпријатие, кое го затекнал во минусна состојба од 3 милиони денари.
„Со донесување на новиот закон за енергетика планираме да изградиме една фотовалтична централа од 300 – 400 киловати, на просторот од паркингот, чекаме да помини законот за енергетика во Собрание и мислам дека први од ЈП ќе поденесеме барање за изградба на таква централа која ќе биде дополнителен и приход“.
Перспективата на ЈП „Градски Гробишта“ може да се гледа само ако се работи домаќинкси нагласува директорот Костоски. Тој посочи во кој друг дел од работењето на ЈП успеале да заштедат добра сума на средства.
„Забрзано работиме, оваа година завршивме многу работа околу градежните работи кои што ги имавме за кои што порано се даваа пари и сигурно 4 до 5 илијади евра на годишно ниво се давале само за тендери за чистење на околината. Ние овој пат со сопствени сили и со помош на општината ги завршивме така што не дадовме ниту еден денар, што значи дека тие пари ги заштедивме“.
Костоски вели дека секој ден решаваат по некој од натрупаните проблеми, а во овој период се соочувале со враќање на поголемите долгови на ЈП. Доспеале неплатените фактури по основ на извршени работи од добавувачи за периодот од 2016 и 2017 год. Директорот со оптимистички најави дека за една година ќе успее ова ЈП да го врати во нормала.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град