Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, Охрид го одбележа со низа настани и концерти.П ред споменикот на Светите браќа во градскиот парк беше положено свежо цвеќе, а беа доделени и наградите за најдобрите ученици од основните и средните училишта. Во Домот на култура во населбата Кошишта се одржа Панихида за Светите браќа Кирил и Методиј, а Градоначалникот Јован Стојаноски ја искористи приликата да ги открие плановите на Локалната за реконструкција на Домот.
Охрид, лулката на словенската писменост со низа настани и концерти го чествува Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј. Пред споменикот на Светите браќа во градскиот парк денеска беше положено свежо цвеќе, а потоа пред присутните се обрати градоначалникот Јован Стојаноски.
Ова е ден на сесловенските просветители и мора да биде празнуван во склад со она што тие го претставувале, а тоа е описменување на народот кој што живее на овие простори, а и пошироко, вели Стојаноски.
Свеченоста заврши со доделувањето на награди за најдобрите ученици од основните и средните училишта.
Предходно во Домот на култура во населбата Кошишта се одржа Панихида за Светите браќа Кирил и Методиј. Пред присутните со културно уметничка програма настапи КУД „Ѓердан“. Градоначалникот Јован Стојаноски, кој потекнува од оваа населба, ја искористи приликата да ги открие плановите на Локалната за реконструкција на Домот за култура. Кажа дека сентиментално е врзан за овој објект кој се наоѓа во навистина незавидна состојба и додаде дека локалната веќе издвоила средства за ова место да го добие некогашниот сјај и функционалност. Домот ќе можат да го користат жителите од сите населби, а не само од Кошишта, а и Локалната ќе му најде соодветна примена.
Според програмат на Локалната самоуправа конечно овој дом треба да заличи, да се реновира, постапките се при крај, треба да се среди уште постапката за впишување во имотниот лист, вели Градоначалникот Јован Стојаноски.
Чествувањето на денот на сесловенските просветители ќе заврши вечерва со концерт на растечката генерација македонски пијанисти, што ќе се одржи во црквата „ Света Софија“а на градскиот плоштад концерт ќе одржи Горан Трајковски со бенд од познати македонски музичари.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град