Без договор нема поставување урбана опрема

Локалната ги склучи најголемиот дел договори со угостителите кои поднесоа барања за поставување урбана опрема на јавна површина. Заврши и аукцијата за поставување на тезгите во централното градско подрачје, а тече и новиот повик за оние тезги кои не беа доделени. Нема да се толерираат оние кои немаат склучено договор за поставување урбана опрема и кои не и плаќаат надомест на општината.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Заврши аукцијата за поставување на тезгите во централното градско подрачје, а тече и новиот повик за оние тезги кои не беа доделени. Сеуште може да се доставуваат и барања од граѓани за поставување тезги на нови локации кои дополнително ќе бидат разгледани од страна на градоначалникот и стручната комисија. Склучени се и најголемиот дел договори со угостителите кои поднесоа барања за поставување урбана опрема на јавна површина.

Договорите си течат. Ние, знаете дека имавме долги разговори, но на крајот стигнавме до едно прикладно решение за обете страни, компромисно решение и во овој момент се изработуваат сите потребни документи. Сите што аплицирале добиле, вели градоначалникот Јован Стојаноски.

Стојаноски вели дека нема да се толерираат оние кои немаат склучено договор за поставување урбана опрема и кои не и плаќаат надомест на општината. Инспекциските служби ќе се постојано на терен и ќе контролираат дали е испочитуван законот.

Општина Охрид ќе си постапи според законските определби. Оние кои што поставуваат урбана опрема, а немаат платено, ќе бидат казнети, вели градоначалникот.

Градоначалникот објаснува дека мора да се земе во предвид фактот што Охрид е туристички центар и охриѓани сакаат тие неколку месеци од сезоната максимално да ги искористат за заработка, а локлната ќе се потруди да им овозможи услови за тоа, но секако не на штета на мештаните или гостите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top