Отворен новиот луксузен хотел Unique Resort & Spa во Охрид

Отпочна со работа новиот хотел во Охрид, Unique Resort & Spa. Ова е дело на човек со визија кој не се плаши од инвестиции, истакна Климентина Мартиноска од менаџерскиот тим на хотелот, нагласувајќи дека со овoj нов хотелско угостителски комплекс сакаат да придонесат за развојот на туризмот во градот.

 |  Николоска Биљана  | 

Нов луксузен хотел во Охрид. Unique Resort & Spa, лоциран во близина на Билјанини Извори синоќа ги отвори вратите на урбаното угостителство и хотелиерство во Охрид и пошироко. Даниел Јакимоски од менаџерскиот тим на хотелот истакна дека горди се на оваа инвестиција која е резултат на нивната напорна и визионерска работа, во која сите максимално се вложиле со цел на клиентите и гостите кои ќе ги посетат да им понудат бројни содржини во кои максимално ќе уживаат и ќе се опуштат. На отварањето се обрати Климентина Мартиноска член на одборот на директори од хотелот.

Хотелот располага со 130 луксузно уредени соби, ресторан, современ спа – центар, фитнес и конференциски сали, игротека, надворешен базен, сопствен паркинг и летна тераса со уникатен поглед на Охридското Езеро. Со капацитет од 500 легла висок квалитет на услугата и пријатниот амбиент за престој се надеваме дека ќе допринесеме за развој на туризмот во Охрид. За крај благодарност до човекот со визија, човекот кој не се плаши од инвестиции генералниот менаџер на ГК АД Илинден Струга г- динот Радован Трајкоски што се одлучи да инвестира во ваков современ угостителски објект“.

Посебно ми е драго што веќе докажани и етаблирани компании на нашиот пазар во одредени дејности не застануваат туку ја прошируваат својата дејност помагајќи ја севкупната инвистициона активност во Р. Македонија, истакна претседателот на Владата на Р. Македонија, Зоран Заев кој беше почесен гостин на отварањето на луксузниот хотел.

Хотел Јуник со својата убавина од далеку блеска, јас знам дека ќе ја збогати понудата на прекрасниот наш Охрид во севкупниот број на легла кој што ќе го нудиме и на домашните и на странските туристи. Ова е охрабрување за севкупните инвестирања во Р. Македонија, кога нашите домашни инвеститори, градители, изведувачи сето она што ќе го заработат го враќаат го оставаат во Македонија за наредните генерации но да остават и на Охрид и на нашата убава земја, верувам дека само по себе зборува дека имаме пријатен момент и атмосфера во државата за зголемување на севкупните инвестициски можности,посебно е пријатно чуството кога некој од Струга гради во Охрид“.

Првиот човек на градот Јован Стојаноски, од името на градот и охриѓани посакувајќи му успешна работа на инвеститорот на новиот хотел му подари резба од заштитникот на градот Св Климент Охридски.

„Туризмот останува примарна индустриска гранка во нашиот град и благодарение на инвестициите на компанијата кои што ги направи во оваа прилика имаме едно прекрасно здание ви посакувам секогаш да е полно“.

На свеченото отварање присуствуваа видни личности од политичкиот и општествениот живот. Инаку, хотелот Unique Resort & Spa изобилува со модерен ентериер каде што архитектите си поиграле со своите уметнички достигнувања создавајќи еден од најмодерните хотели на охридската ревиера кој, најверојатно ќе биде одликуван со категорија од 5 звезди.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top