Охридските ракометари утре ќе играат против скопски Металург. Нашите ракометари се оптимисти дека ќе одиграат добар натпревар и ќе се покажат во најдобро светло. Очекуваат полни трибини утре во 19 часот на СРЦ Билјанини Извори.
Охридските ракометари утре ќе се соочат со нов предизвик. Ќе играат против скопски Металург со што нашата ракометна екипа ги продолжува натпреварите во Супер лигата. Металург е екипа која е голем залак за нашите ракометари, но сепак тие се оптимисти дека ќе одиграат добар натпревар и ќе се покажат во најдобро светло.
Не чека тежок натпревар бидејќи металург е добра екипа составена од доста репрезентативци кои добро тренираат имаат доста искуство во своите нозе имаат изиграно доста утакмици во СХ лига и лига на шампиони, но сепак очекувам добро да одиграме, а трибините да се полни, вели Бојан Спасоски.
Ние атакуваме на победа иако ќе биде тешко но не е и невозможно. Само Вардар е противник кој е супериорен, со сите останати екипи можиме да се носиме, вели Младеноски.
Сите утакмици ги изигравме во еден добар ритам. Изгубивме само со по три-четири гола разлика. Така беше и во првиот натпревар со металург каде изгубивме со три разлика , одигравме добро. Борба секако дека ќе има, ќе дадеме се од себе и мислам дека нема да ја разочараме публиката, вели Младеноски.
Охридските ракометари очекуваат голем број навивачи кои утре во 19 часот на СРЦ Билјанини Извори ќе ги бодрат и ќе им ја дадат својата поддршка. Билетот чини само симболични 30 денари.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град