• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Анѓушев: Најдоцна за две години македонските граѓани ќе плаќаат пониска сметка за стуја

Анѓушев: Најдоцна за две години македонските граѓани ќе плаќаат пониска сметка за стуја

Преку регионален пазар, до пониски цени на електричната енергија за граѓаните на Македонија. Под мотото „Да ги направиме границите мостови“ денес во Охрид се одржа Регионалниот форум на преносни систем, оператори од регионот на Југоисточна Европа.

 |  Николоска Биљана  | 

За две години македонските граѓани ќе плаќаат пониски сметка за стуја, истакна вице премиерот за економски прашања во владата на Р. Македонија Кочо Анѓушев, на Регионалниот форум на преносни систем-оператори од регионот на Југоисточна Европа што денеска се одржува во Охрид. Анѓушев смета дека овој форум е првиот чекор на патот кон создавање на регионален пазар на електрична енергија.

Крајна цел на таа работа е да се намат цените на електричната енергија во регионот и тие да ги достигнат цените кои што се во Европа. Европа иако е поразвиена и побогата, денес има пониска цена на електрична енергија од нејзината пазарна цена во регионот. Намалувањето на цената на електричната енергија зависи само од една работа а тоа е инвестиции во електроенергетскиот преносен систем и добра соработка во регионот. Кога ќе ги срушиме административните бариери за што денеска се разговара на овој форум и кога ќе се инвестираме во електропреносните капацитети и електорпроизводните капацитети односно, пазарот ќе го направи своето и цената не електричната енергија ќе стане секаде иста во Европа со други зборови ќе се намали во регионот

Единствениот пазар на електрична енергија е најдобар начин за зголемување на транспарентноста и конкурентноста меѓу сите учесници на пазарот, производители снабдувачи и трговци затоа што за сите учесници важат истите услови односно правила, истакна претседателот на Владата, Зоран Заев.

„Креирање на единствен пазар на електрична енергија и негово вклучување во Паневропскиот пазар на електрична енергија. Увидот во листата учесници на форумот, присуството на генерални директори, извршни директори, претседатели на управни и надзорни одбори на оператори на електропреносните системи од Македонија, Албанија, Србија, Бугарија, Грција, Косово, БиХ и високи претставници на управите на систем операторите од Хрватска и Словенија само по себе говори за значењето на средбата и иницијативите што се очекува да произлезат од неа“.

Генералниот директор на МЕПСО Сашо Василевски истакна дека Македонија како земја аспирант за членство во ЕУ мора да се придржува кон препораките на Унијата.

Ние во суштина како систем оператори имаме една заедничка приоритетна цел, низ сите развојни процеси да придонсеме кон формирање на заеднички пазар на електрична енергија.  Формирањето заеднички пазар во крајна линија има цел на поефтина цена за крајните потрошувачи за граѓаните на Р. Македонија, што во суштина е и интенција на Владата

Ние делиме иста цели и нашите стратешки определби се меѓу најголемите приоритети, а тоа е регионалното проширување, спојување обединување на пазарот на електрична енергија, истакна генералниот директор на електро преносни системи од Р. Србија Јелена Матиќ.

Србија во последните 5 години направи многу на тој план. Нашата земја формираше и берза на електрична енергија пред две години, оди и во понатамошни стратешки проширувања, имаме исклучителна соработка со Македонија и очекуваме после денешната средба да имаме поконкретни и поблиски реализиации“.

Нашата земја инфраструктурно нема технички пречки за вклучување во регионален пазар на електрична енергија, туку преостанува само надминување на одредени административни бариери. Клучен предуслов за да се воспостави и профункционира единствен пазар на електрична енергија се преносните систем-оператори, надлежни и одговорни за стабилност и сигурност во управувањето со националните електропреносни системи.

 

 

 

Изјава – Сашо Василевски – директор на МЕПСО
()

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top