Македонија има квалитетно гориво

Како до поголема соработка и поедноставно следење на најновите технички достигнувања во делот на лабораториите за нафта, е главната тема на 7-миот Регионален Симпозиум на лабораториите за нафта и нафтени деривати, кој се одржува во Охрид. На Симпозиумот присуствуваат 65 претставници од над 30 лаборатории и други организации и институции од регионот.

 |  Николоска Биљана  | 

Македонија има квалитетно гориво. Тоа го гарантираат претставниците на македонските лабаратории за нафтени деривати. Директорот на Дирекцијата за оператива во Окта АД Скопје, Ице Рикалоски вели дека главната цел на сите лабараториите во регионот е да бидат акредитирани, со што се гарантирал резултатот за квалитетот на горивата.

Државите од сите учесници на симпозиумот во лабараториите ги имаат усвоено најновите европски стандарди за квалитет на горива и сите по законска директива или норматива мораме да ги задоволуваме тие квалитети. Нашата контрола, лабараториите ги пратат најновите стандарди и најновите акредитации што се применуваат“.

Охрид е домаќин на седмиот по ред Регионален Симпозиум на лабораториите за нафта и нафтени деривати. Овој симпозиум прерасна во респектабилен настан кој ги обедини сите релвантни фактори од поранешните Југословенски простори но и пошироко, истакна Горан Ангеловски директорот за стандардизација и квалитет во Макпетрол Скопје. Тој смета дека и државата мора да се вклучи во мониторинг на контролата на квалитетот на нафтените деривати.

Нажалост можам да констатирам дека освен тоа што ние како дистрибутери се грижиме да дистрибуираме квалитетни горива на македонскиот пазар согласно барањата на европските директиви, државата сеуште нема преземено конкретни чекори за мониторинг на целиот пазар. Кога велам целиот пазар мислам на останатите дистрибутери на пазарот значи да направи соодветен план и мониторинг кој што на наша иницијатива и на ОКТА повеќе години го покренуваме да тоа заживее со цел граѓаните да можат реално да видат кој и како го пласира горивото со каков квалитет на македонскиот пазар“.

Нашата земја располага со едни од најквалитетните лабаратории кои работат согласно европските и светски стандарди, истакна директорот на Институтот за акредитација Трпе Ристовски. Додаде дека тоа се лаборатории кои што се под постојан надзор од страна на експертите и техничките оценувачи од Институтот и за резултатите кои излегуваат од лабараториите не треба да постои никаков сомнеж.

Можеби она што треба да биде како чекор понапред во поглед на заштита на потрошувачите од аспект на квалитетот на горивата, тоа е националниот мониторинг. Со воведување на тоа во Р. Македонија нема да има потреба од дополнителни лабаратории туку едноставно од дополнителни испитувања на оние места каде што тие не се вршат. Бидејќи Макпетрол и ОКТА како водечки компании од нафтената индустрија во Р. Македонија тие вложуваат големи средства во поглед за докажување на нивнито квалитет“.

Хрватска редовно учествува на сите симпозиуми. Претставникот од ИНА ДД Хрватска, Тихана Коренц истакна дека секоја година разменуваат искуства со земјите од регионот, со таа предност што Хрватска ги пренесува искуствата за дополнителните побарувања на ЕУ во овој сегмент од работењето на компаниите од нафтениот сектор.

Што се однесува на квалитетот на горивото постојат спецификации, директиви на Европската Комисија од каде произлегоа спецификациите за горивото на моторните возила така што сите држави од регионот мора да произведуваат гориво согласно тие спецификации. Што се однесува на квалитетот на горивото во сите земји од регионот тоа е усогласено согласно законските прописи“.

Организатори на овогодишниот, седми по ред Симпозиум се најголемите домашни компании во нафтениот сектор, ОКТА и Макпетрол. Покрај лабораториите кои функционираат во состав на ОКТА и на Макпетрол, на настанот учествуваат и лаборатории од Србија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија, Косово, Унгарија, а за првпат има и претставници од Грција. За време на настанот се одржаа повеќе предавања, дебати и дискусии преку кои се споделија знаења и искуства за најновите трендови и техники во анализата на квалитетот на нафтата и нафтените деривати. Сето ова ќе придонесе за оптимизирање на работата на лабораториите и ќе овозможи повисоко ниво на квалитет на услугите кои тие ги нудат.

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top