• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Задолжителна дезинфикација на приватните станови наменети за туристичка дејност ќе се дезинфицираат

Задолжителна дезинфикација на приватните станови наменети за туристичка дејност ќе се дезинфицираат

Центарот за јавно здравје Охрид, кај давателите на угостителски услуги во куќи, апартмани и соби за одмор, ќе спроведува задолжителна превентивна дезинфекција на просторот кој се користи за давање угостителски услуги. За сите кои не ќе го почитуваат  Законот за заштита на населението од заразни болести ќе следуваат санкции.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Приватните станови во кои се врши туристичка дејност ќе се дезинфицираат. Во рамките на своите законски надлежности и овластувања, а во пресрет на престојната туристичка сезона, Центарот за јавно здравје Охрид кај давателите на угостителски услуги во куќи, апартмани и соби за одмор ќе спроведува задолжителна превентивна дезинфекција на просторот кој се користи за давање угостителски услуги, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести.

Тоа го санкционираат инспекциските служби… затоа ние апелираме да се направи навремено дезинфекција за да не дојде до казнувања и до она што е надлежност на инспекцијата. Ние сме должни да ги информираме станоиздавачите кои се нивните обврски, а тие тоа требада го направат, вели директорот на Центарот за јавно здравје, Сашо Точков.

Центарот за јавно здравје подготви посебни, поволни пакети на услугите за дезинфекција за станоиздавачите и е подготвен секој работен ден а и во сабота со своите мобилни екипи, потребната опрема и средства да одговори на барањата и потребите на угостителите за навремено и ефикасно спроведување на превентивната дезинфекција, со цел намалување и избегнување на ризиците од појава на заразни заболувања.

Доколку се издава една соба без купатило дезинфекцијата ќе чини 400 ден. , доколку се пак две соби е 600 ден. Значи имаме ценовник и за студија и за апартмани поголеми. Не одиме на одредување на цените според квадратура, бидејќи така сумата ќе биде многу повисоки, објаснува Точков.

За дополнителни информации и закажување на услугата станоиздавачите можат да се обратат во просториите на Центарот за јавно здравје или на телефоните 046 231 881 и 070 723 029.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top