Со показна вежба одбележан денот на полицијата. Специјалните полициски единици спасуваа нападнат брод во Охридското езеро. Вежбата предизвика интерес и преставуваше атракција и за охриѓани и за гостите во градов.
Нападнат пловен објект во водите на Охридското езеро и лишување од слобода на опасни лица. Ова беше само дел од тактичко- показната вежба која денеска на пристаништето во Охрид припадниците на Единицата за специјални задачи, Езерската полиција и Хеликоптерската единица, во склоп на одбележувањето на 7 Мај- Денот на македонската полиција, и презентираа на јавноста дел од своите професионални можности, ефикасно справувајќи се со едно сложено вежбовно сценарио во водите на Охридското езеро. Во присуство на голем број граѓани припадниците на МВР изведоа тактичко- показна вежба со напад на пловен објект заради совладување.
Огромна чест овде во Охрид првпат по многу години од осамостојувањетода изведеме една тактичко показна вежба во која ги покажаа своите капацитети Единицата за специјални задачи, Хеликоптерската единица и Езерската полиција и навистина беше прекрасно чувството ода се видат сите можности на македонските полицајци, пред се на специјалните единици и со тоа да покажеме дека сме подготвени да одговриме на било каков предизвик, рече министерот Оливер Спасовски, кој им се заблагодари на сите граѓани кои присуствуваа на вежбата.
Во склоп на одбележувањето на Денот на полицијата, утре на градскиот стадион во Штип припадниците на МВР ќе ги презентираат своите можности преку низа показни вежби.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град