Македонските таеквондисти се вратија со врвни резултати од Талин

Mакедонската Таеквондо ИТФ експедиција се врати со 2 бронзени медали од Европското првенство во Талин, Естонија. Нашите борци предводени од врвниот тренер Маријанчо Лазарески успеаа да се искачат на Европскиот пиедестал во овој спорт, но и достојно да ја претстават нашата држава.

 |  Николоска Биљана  | 

Македонските таеквондисти повторно се закитија со медали постигнувајќи врвни резултати на Европското првенство во Талин, Естонија. Тие од таму се вратија со два бронзени медали. Во една голема конкуренција од 1200 натпреварувачи од 33 земји од Европа, нашите таеквондисти се изборија за медал кој иако е бронзен свети како злато, вели претседаделот на македонската репрезентација Маријанчо Лазарески, поранешниот светски вицешампион.

После долги години повторно успеавме да се качиме на Европскиот пиедестал, со што го кренавме и рејтингот на нашата држава во Европската ИТФ. Исто така можеме да се пофалиме дека имаше репрезентации на држави кои настапија со многу поголеми екипи и не успеаа да земат медал“, вели Лазаревски

Нашата држава ја претставуваа двајца натпреварувачи, Ацо Јосифоски црн појас IV дан, поранешен светски шампион и Филип Јосифски, црн појас II дан.

Против сите противници нашите таеквондисти покажа одлични борби. Со Русија и Велс имавме нерешени резултати, а загубивме во продолжение од мала пристрасност на судиите. Додека против преставникот на Бугарија доминиравме и беше контроверзна победата на Бугаринот, но во иднина и двајцата наши теквондисти ветуваат многу“, вели Лазаревски.

Со вака постигнатите резултати на Европското првенство кое се одржа од 23 до 30.април годинава во Талин, нашите таеквондисти успеаа не само да се искачат на врвот на Европскиот пиедестал туку достојно ја претставија и нашата држава како врвни спортисти.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top