Муслиманската капела на охридските градски гробишта ќе се гради со средства од ЈП „Градски Гробишта“. Новиот директор на ЈП Ванчо Костоски уверува дека работи на лобирање кај надлежните институции за да се донесе Детален Урбанистички план за овој опфат, кој е главната пречка за отпочнување со изградба на капела за погребни церемонии за муслиманските верници.
Нашиот град сеуште нема капела за погреб на починатите муслимански верници. За изградба на овој објект пред околу 7 години на охридските градски гробишта беше поставен само камен темелник и од тогаш па се до денес се чека донесување на деталн урбанистички план за тој дел. Новиот директор на ЈП „Градски Гробишта“, Ванчо Костоски за ТВМ открива дека на негово инсистирање остварил разговор со претставници на исламската верска заедница, за повеќе проблеми кои треба престојниов период да се решат.
„Имав некој добар разговор, веќе некои запоставени работи во минатите години во муслиманскиот дел на гробиштата се завршуваат односно знаете дека вршиме поплочување на тој дел она што пред три четири години се наплатило не беше завршено, ангажирав голема работна група која работи на тој дел“.
Костоски оптимист дека за брзо време ќе ги регулираат сите работи кои се неопходни за изградба на капела за погребни церемонии за муслиманските верници.
„Сигурно сте запознаени дека нема ДУП на овој простор и бидејќи нема детален план се додека не се донесе не ќе можеме да правиме но во тек е таа работа и мислам дека во догледно време, со наши сили ќе изградиме и во тој дел муслиманскиот, простории каде ќе се вршат обреди, мислам дека и општината ќе помогне во финансирање на оваа работа“
Во моментов исламските верници, за погребните церемонијални потреби ја користат капелата изградена пред повеќе од 10 години во македонскиот дел од гробиштата. Инаку согласно законот за градски гробишта, во секое населено место со повеќе од 5 илјади жители треба да постои капела.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град