Целосна конзервација на постоечката депонија на влезот во Струга, претоварна станица за селекција на отпад, како и транспорт на истиот до депонијата Дрисла во Скопје, се трите фази од јавен тендер за конечно надминување на горливиот проблем со дивата струшка депонија. Од општината сметаат дека се надѕира крај на проблемот, додека пак граѓанските активисти не го делат оптимизмот на локалната власт .
Отпадот од дивата депонија во Струга ќе се транспортира во скопска Дрисла, за 40 дена. Сеуште е отворен јавниот тендер со кој општина Струга избра компании кои ќе се погрижат конечно да се реши овој горлив проблем. Дашмир Насуфи од општина Струга појснува како ќе се одвива целата постапка околу оваа проблематика.
„Првиот дел е конструкција на местото монтажа, и за тоа има заинтересирано едан компанија ов Струга, вториот дел е конзервирањето на сметот, тука конкурираа две компании и третиот дел е транспорт за Дрисла, каде конкурираше само една компанија“
Вкупната сума која е предвидена за оваа намена е околу 400 000 евра, информираше Насуфи. Наспроти ваквиот став на општина Струга, граѓанските активисти изразуваат сомнеж дека со толкава сума на средства може во целост да се надмине проблемот.
„Мислам дека овој износ не е реален. Ако направиме една процека колку отпад има тука и кога ќе ја земеме во предвид дестинацијата која треба да се помине до Скопје за да се оденсе отпадоот, јас мислам дека целата оваа операција вреди околу 700.000 евра. Согласно нашите проценки направени во нашата организација и во однос на информациите дека Министерството за животна средина има издвоено околу 250.000 евра, а општина Струга околу 80.000, тоа значи дека ни требаат уште 400.000 евра за да го заокружиме овој проект“
Граѓанските активисти сметаат дека стружани до почетокот на летото нема да видат некакво решение на проблемот со депонијата. Наспроти ваквото мислење на граѓанскиот сектор градската власт на општина Струга очекува дека ова лето нема да се случува она што се случуваше лани, кога депонијата се палеше и Струга беше во чад и неподнослива миризба а голем број туристи токму поради тоа го напуштаа градот во екот на туристичката сезона.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град