Земјоделците се обучуват и се информираат како да извлечат пари од европските фондови. Од Руралната коалиција им советуваат при аплицирањето за Програмата за рурален развој да настапуваат како здруженија, а не како поединци. Апелираат на многу поголема соработка меѓу општините, подрачните единици на Министерството за земјоделство и Агенцијата за потикнување на развојот на земјоделството.
Земјоделците многу малку искористиле пари од европските фондови. Само 3% од нив настапиле при аплицирањето за Програмата за рурален развој како здружение, а сите останати аплицирале како поединци. Овој минимален процент најверојатно се должи на фактот што од 800 испитаници од сите 8 плански региони дури 714 истакнале дека не добиваат навремено информации за програмата и можностите кои што ги нуди, особено доколку се жители на поодалечените рурални средини. Таква е состојбата и во Југозападниот регион каде припаѓаат и општините Охрид и Струга.
Се едни од регионите кои многу малку ги користат европските средства што впрочем се покажа и од истражувањето и сега во сите региони од околу 800 испитаници само 200 аплицирале, а во Југозападниот регион од тие што ги испитувавме само 50тина аплицирале, а не се знае дали барем половна од нив добиле нешто од програмата за рурален развој и тоа пак како поединци, а не како здруженија, вели Лилјана Јоноски, извршна директорка на Рурална Коалиција.
Над 90% од земјоделците никогаш не презеле граѓанска иницијатива или барање за да дојде до промена на моменталните состојби во земјоделството на локално или национално ниво, а како причини за тоа ги наведуваат недовербата во институциите, неземањето во предвид на нивните ставови и предлози, како и невклучувањето во консултативни процеси при креирањето и носењето на политики и јавни одлуки.
Во глобала информациите се движат околу набавката на механизација. Во останатиот дел земјоделците речиси и да не се информирани, а и не превземаат некои активности за тоа да се измени. Апелираме на многу поголема соработка меѓу општините, меѓу подрачните единици на Министерството за земјоделство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, вели Јоноски.
Руралната коалиција има организирно повеќе тркалезни маси на кои ги информира и едуцира земјоделците како да се здружат и заедно да извлечат пари од европските фондови. Досега биле во Прилеп, Куманово, Гостивар, а ќе ги посетат и останатите поголеми општини во државава.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град