Шест чартер летови неделно од Амстердам и Ајндховен ќе слетуваат на охридскиот аеродром за време на главната туристичка сезона. Оваа најава доаѓа од најголемиот холандски туроператор ТУИ.
Гостите од Бенелукс за престојната туристичка сезона дури за 20% ќе бидат побројни во споредба со минатите години. Ова го најави најголемиот холандски туроператор ТУИ. Жан Крајнен менаџер на ТУИ задолжен за Македонија, потенцира дека значително бил зголемен бројот на резервации во сместувачките капацитети на охридското крајбрежје.
„Оваа година имаме зголемување на бројот на гости кои ќе одмараат во Охрид за 12-13 проценти. Почнувајќи од мај, па се до октомври „ТУИ“ ќе реализира 6 чартери неделно до Охрид, со кои летово ќе се превезат во Македонија 16.000 туристи“
За порастот на бројот на туристи оваа сезона зборува и Челик Асим туристички работник од Охрид. Тој смета дека не очекува поуспешна туристичка сезона во споредба со лани.
„Очекувањата се дека оваа година ќе имаме 18-20 проценти повеќе гости на ривиерата. Минатата година во ниска сезона имавме по 4 авиони неделно, а оваа година во ниска сезона ќе имаме пет, а во висока шест авиони, кои во текот на неделата ќе слетуваат оа охридскиот аеродром.
Очекувањата и на Жак Крајнен и на Челик Асим, се дека Охрид ќе ја збогати понудата и за туристите кои фамилијарно го посетуваат Охрид со деца до 12 годишна возраст, бидејќи во моментов она што се нуди не ги задоволува потребите на оваа целна група туристи, па затоа и нивниот број е многу мал.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град