Мултиетничка интеграција преку проектот „Мулти Зборко“

Мултиетничка интеграција преку проектот „Мулти Зборко“. ОУ „Григор Прличев“ Охрид е носител на овој проект чијашто основна цел е децата од 5 до 10 годишна возраст освен со мајчиниот јазик да се стекнат со знаења на уште 5 јазици, Албански, Турски, Ромски, Англиски и Германски.

 |  Николоска Биљана  | 

Мулти Зборко претставува дигителен едукативен ресурс наменет за деца од 5 до 10 годишна возраст. Станува збор за повеќејазична визуелна апликација која се применува во основното образование. Во овој проект се вклучени повеќе училишта во земјава, но ОУ „Григор Прличев“ е во главните три пилот училишта во кои што се реализираше, продуцираше и се правеа истражувањата за оваа апликација, вели професор Марина Танасоска.

Училиштата беа избрани според неколку критериуми односно се вклучени групи од повеќе етнички групи, освен од македонската етничка група вклучени се Албанци, Турци, Роми, додека пак апликацијата вклучува и два странски јазици, Англиски и Германски“.

Танасоска појасни што точно претставува Мулти Зборко дигиталната апликација, која е наменета за целната група деца од 5 до 10 години која е адаптирана согласно наставните програми што се обработуваат во основното образование.

Децата со сопствена динамика можат да усвојуваат повеќе поими, почнувајќи од именки, глаголи, фрази на 6 јазици како што претходно спомнав. Самата апликација претставува еден вид на илустриран интерактивен речник во кој што поимите се претставени со соодветна илустрација, но под нив е правописот на секој поим како и гласовната поддршка односно изговорот. Така децата освен со мајчин јазик ќе можат да се стекнат со знаења за другите јазици а она што нас ни беше особено важно е мултиетничката интеграција“.

Реализатор на проектот „Мулти Зборко“ е здружението на пријатели на образование на Македонија, а поддржувач е фондацијата Отворено општество Македонија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top