Охриѓани не се вознемирувајте, МВР подготвува показна вежба во Охрид

Охриѓани не се вознемирувајте, МВР подготвува показна вежба во Охрид. Тоа е во рамки на одбележувањето на Денот на полицијата 7 ми мај.

 |  Николоска Биљана  | 

По повод 7 ми мај, Денот на македонската полиција за прв пат во Охрид ќе се одржи показна вежба на 5 ти мај. Подготовките за истата веќе почнаа. Уште денес охриѓани слушаат татнежи кои доаѓаат од градското пристаниште, во тој дел парадира и хеликоптер а таму и небото е обоено со жолто црвен чад.

„СВР почнувајќи од денес па се до 5 ти мај годинава на градското пристаниште во Охрид ќе ги реализира подготовките за показна вежба.
Од СВР Охрид соопштуваат граѓаните да не се вознемируваат бидејќи во текот на подготовките ќе се употребуваат техничко тактички средства и опрема“

Од СВР Охрид информираат дека во рамки на одбележувањето на Денот на полицијата, ќе бидат промовирани возила, опрема, оружје со кои располага МВР, како и новите униформи на специјалната полиција. Исто така од таму додаваат дека показната вежба ќе ја следат претставници на дипломатскиот кор, на Владата на РМ, министерот за внатрешни работи, како и амбасадори. Главната церемонија на 7 мај ќе се одржи во Штип.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top