Меѓугранична соработка на здруженијата на охридските Роми и Египќани со здруженија од Албанија. Една ваква соработка за прв пат се организира од постоењето на здруженијата, а целта е што поголема реализација на прекугранични проекти во делот на културно просветната соработка.
Египќанско ромските организации од Македонија и Албанија, потпишаа меморандум за културно просветна соработка. Првиот состанок на овие организации се одржа во Охрид. Претседателот на здружението на охридските роми Нијази Таип, изјави дека ова е само еден почекток на соработка на крајезерските градови, кој понатака ќе се прошири и во останатите општини во нашата и соседната земја.
„Имаме заеднички проекти, пример ќе се договориме за заеднички настап на Охридско лето, ќе ги презентираме носиите на Албанија и нашата, па планираме со играорните групи да размениме некои приредби, да одиме во Елбасан, и така некаде ќе настапуваме заеднички, некаде посебно“
Демир Далип од здружението на Египќани на Охрид позитивно гледа на една ваква соработка за која е потпишан и меморандум помеѓу македонските и албанските невладини организации на Роми и Египќани.
„Дојдовме до заклучок дека нема никакви елементи да се сретнуваме со стереотипите, нив ги оставаме во минатото, тоа е и лајт мотивот каде што имаме еден наш гостин Хасан Идризи од Тетово претседател на ромска организација кој што сака да учествува во нашите проекти“.
Соработката помеѓу крајезерските градови е во насока на зајакнување на капацитетите на двете општини, истакна Шптим Дуте, претседател на невладина организација од Албанија.
„Имајќи во предвид дека културите се различни ќе мора да ги споиме на некаков начин. Исто така ќе работиме и на мрежата за соработка околу проблемите што ги имаат двете нации и од едната и од другата етничка заедница. Ќе соработуваме на полето на едукативноста, културата и тренирањето“.
Здруженијата на ромите и египќаните и од Македонија и од Албанија гледаат еден светол пат за една плодна соработка во иднина.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град