Дали Охрид конечно ќе добие сообраќајна студија. Од Локалната велат дека сериозно се работи на прибирање податоци за изготвување на оваа студија и дека до наредната година би требало да се направи. Моментално завршува тендерот распишан за утврдување на режимот на сообраќај кој оваа година ќе се прави врз претходно спроведено снимање на охридските сообраќајници.
Охрид сеуште нема сообраќајна студија. Тоа е причина за сообраќајниот хаос кој што посебно во летниот период е евидентен низ охридските улици. Актуелниот градоначалник Јован Стојаноски потсети дека минатата локална власт четири години ветувала дека ќе ја изработи оваастудија, но овај важен проект за градов не беше реализиран. Објаснувањето тогаш беше дека за отпочнување на таа студија се потребни минимум 200 000 евра, пари кои општината ги немаше. Стојаноски се согласува дека овој проект е скап, но вели дека е еден од неговите приоритетите и веќе сериозно се работи да се создадат услови за нејзино комплетирање.
Таа сообраќајна студија не може да се донесе за три до четири месеци. Во моментов работиме само една парцијална студија која ќе значи снимање на сообраќајот во централното градско подрачје и во старото градско јадро, а со тоа ќе ни биде олеснет начинот на донесување на урбанистичките планови во оние 19 единици во старото градско јадро кои сме обврзани да ги донесеме, не ние туку Министерството за Транспорт и врски, вели градоначалникот Јован Стојаноски.
Овој период идната година треба да заврши студиозното снимање на сообраќајот и треба да биде изготвувена сообраќајната студија. Од Локалната неодамна имаа средба со преставници од Техничкиот факултет во Битола на која разговарале за можноста и таа високообразовна институција да се вклучи во изготвувањето на студијата. Стојаноски кажува дека при нејзината изработка мора да се земе во предвид специфичноста на Охрид како град и потребите на мештаните ама ина туристите.
Се очекува од нас да имаме богата туристичка понуда затоа не може тоа да го направиме надвор од централното градско подрачје. Затоа програмата која ќе се донесе е во интерес и на туристите, но и да не се наруши движењето на пешаците и автомобилистите во централното градско подрачје, објаснува Стојаноски.
Инаку, завршува тендерот распишан за утврдување на режимот на сообраќај кој оваа година ќе се прави врз претходно спроведено снимање на охридските сообраќајници. Кога ќе се заврши со снимање ќе биде донесен режимот на сообраќај за кој граѓаните навремено ќе бидат запознаени.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град