Православните верници се подготвуваат за Велигденските празници

Православните верници се подготвуваат за Велигденските празници. Неизбежен дел од празнувањето е и богатата трпеза на која се собира семејството на свечен ручек. Граѓаните кои сакаат да се гостат со јагнешкото месо од својот буџет ќе треба да издвојат околу 300 денари за килограм, а и зеленчукот и овошјето не се ефтини.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Почна празничната еуфорија. Пред маркетите во градов и на касите ред се чека за да се плати за купените артикли. Таква беше атмосферата и во маркетот „Миса“. Граѓаните забрзано ги прават последните подготовки за најголемиот христијански празник- Велигден. За некого скапо за некого не, но сите одвоиле дел од својот буџет за да ја запазат традицијата.

Велигденските празници секако не можат да поминат ако на трпезата нема јагнешко месо. Во охридските месарници цената на јагнешкото се движи од 280 до 300 денари, а тежината на јагнињата е од 8 до 12 килограми. Во Миса јагнешкото е со промотивна цена од 275 денари затоа побарувачката е доста голема.

Секој ден добиваме свежо јагнешко месо од месарата Римес и имаме голема побарувачка бидејќи е тазе. Секој ден имаме достава и на јагнешко и на свинско месо, вели Љупка Филипоска од маркет „Миса“.

Во „Миса“ имаат викенд акции секој петок, сабота и недела, а сега за велигденските празници акциите започнаа од вчера и ќе траат до утре. Кога има акции цените на некои производи се намалуваат и до 50%. Купувачите веќе се добро информирани преку социјалните мрежи и медиумите, ги следат акциите и ја користат можноста да заштедат.
Инаку, за Велигден, покрај месото, јајцата се најбараниот прехранбен продукт, а за да се прослави што побогато скоро секое семејство се труди на трпезата да го има раниот зеленчук и овошје. Денес беше раздвижено и на градскиот пазар, ама продавачите не се баш задоволни од продажбата за празнициве.
Цената на овошјето и зеленчукот е различна во зависност од квалитетот. Рано градинарските култури како доматот се со цена од 90 до 100 денари, младиот компир се нуди од 40 до 50 денари, краставицата достигнува цена од 80 до 100 денари, а зелката се продава по 20 денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top