• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Николовски: Измена на риболовната основа за Охридското Езеро со цел заштита на охридската пастрмка и белвица

Николовски: Измена на риболовната основа за Охридското Езеро со цел заштита на охридската пастрмка и белвица

Изловот на ендемските видови, пастрмката и белвицата се контролира и од двете страни на Охридското Езеро и од македонската и албанската. Министерството за земјоделие шумарство и водостопанство подготвува измена на риболовната основа со цел зачувување на овие два вида риби.

 |  Николоска Биљана  | 

Измена на риболовната основа за Охридското Езеро со цел заштита на охридската пастрмка и белвица, најави Љупчо Николовски, министерот за земјоделие шумарство и водостопанство. Тој кажа дека во моментов се работи ревизија на риболовните основи, како и тоа дека во тек се постапките на изработувачите односно научните институции.

„Ние со министерот од Албанија разговаравме за засилените контроли кои ќе следат и од албанската страна, не информираше дека веќе има преземенп мерки и активности и разговори со задругата која што управува во делот на охридското крајбрежје од страната на Албанија и на следниот министерски состанок во Корча ќе разгледаме конкретен извештај во овој правец. Сите овие активности говорат за фокусот и акцентот кој што МЗШВ го става во делот на заштита на Охридското езеро во делот на риболовот“.

И Р. Албанија конечно почна да презема мерки во однос со заштита на ендемските видови риби во Охридското Езеро. Министерот на Албанија Нико Пелеши рече дека проблемите со водите не можат да се решат еднострано.

Во делот на риболов и водите ние треба да ги засилиме нашите контроли и нашата соработка 00:46+00:59 Менаџирањето на албанскиот дел е дадена на коперацијата, додека контролата и мониторингот е во рамките на државните институции“

Паралелно со измената на риболовните основи ресорното министерство работи и на подготовка на постапката за распишување на нов тендер, односно оглас за нов концесионер на Охридското Езеро бидејќи концесијата истекува оваа 2018 год, информираа од Министерствот за земјоделие, шумарство и водостопанство.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top