• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Општина Охрид со проект за реконструкција на кејот ќе аплицира за добивање средства од европските фондови

Општина Охрид со проект за реконструкција на кејот ќе аплицира за добивање средства од европските фондови

Општина Охрид сака со европски пари да го реконструира градскиот кеј. Интензивно работи на отстранување на техничките недостатоци на проектот за кејот кој беше изготвен уште пред две години за да аплицира за добивање средства преку ИПА фондовите. Рокот е до 31 мај.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Општина Охрид со проект за реконструкција на кејот ќе аплицира за добивање средства од европските фондови. Локалната забрзано работи на овој проект откако пред извесно време Владата најави дека со 18 милиони евра грант од Европската унија преку ИПА 2 програмата и сопствени средства во висина од 3,2 милиони евра ќе ја подобрува локалната конкурентност во туризмот во Македонија. Средствата ќе се доделуваат преку Програмата за локална и регионална конкурентност која се спроведува како партнерство помеѓу Владата на РМ , ЕУ и Светската банка. Проектот за реконструкција на кејот беше изработен уште за време на претходната локална власт, но чекаше одобрение од Министерството за транспорт и врски. Зелено светло не доби поради немањето водостопанска согласност и опасност за деградација на Охридското езеро бидејќи со него било предвидено дел од патеката на кејот да биде поставена на колци кои ќе се во езерото.

Имаме непосредна комуникација, Градоначалникот и неговите соработници имаат постојано контакти со преставниците од Светска банка и мислам дека уште во текот на утрешниот ден ќе имаат средба во Скопје на која уште појасно ќе се дефинираат позициите меѓу Светска банка и Локалната самоуправа и се надевам дека ќе успееме во тие разговори да издејствуваме без никакво оправдување од наша страна да им предочиме дека проектот има пропусти, дека ќе ги отстраниме навремено и се надеваме дека ќе го добиеме грантот, вели Томе Џамтоски-портпарол на Локаланата самоуправа.

Општина Охрид после направените корекции во проектот очекува да добие пари преку ИПА фондовите и тоа во висина од 1милион и 200 000 евра. Со овие средства ќе може целосно да се реализира проектот за реконструкција на кејот.

Овај проект кој постои тие средства се доволни и целата таа финансиска рамка и целиот проект ги задоволува сите параметри во однос на финансиската конструкција и во однос на градежните работи. Со 1милион и 200 000 евра целосно ќе го затвориме проектот, вели Џамтоски.

Локалната не се нафатила да изготвува нов проект туку ќе оди на варијанта да го приспособи постоечкиот со цел да заштеди време и пари бидејќи како што што истакна вицепремиерот Анѓушев, приоритет за добивање средства ќе имаат општините кои веќе имаат готови проекти.
Инаку општините, за грант за подобрување на конкурентноста во туризмот, ќе можат да аплицираат пред се со проекти од областа на инфраструктурата и ќе можат да добијат средства до 1 милион евра европски пари доколку настапуваат сами или 3 милиони евра ако настапуваат регионално. За организациите од туристичкиот сектор , образовни установи и центри за обука грантот изнесува изнесува 50 илјади евра за еден барател или до 150 илјади евра за два и повеќе баратели. 90% од средствата ќе бидат неповратни а 10%сопствено учество. Огласот за аплицирање веќе е отворен, а изјавување на интерес заинтересираните треба да пројават најдоцна до 30 април годинава.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top