Несоодветно оградените и незаштитени градежни парцели во градов се потенцијална опасност за минувачите. Такви места има неколку во градов. Според информациите од Локалната самоуправа, досега градежниот инспекторат, инвеститорите само ги опоменувал.
Голем дел од градилиштата во Охрид не се заштитени. Граѓаните укажуваат дека истите се несоодветно оградени и не се обезбедени според прописите. Нивниот страв да поминат покрај објектите кои се во градба е оправдан. Во нашата редакција се пожалија граѓани за објектот кој што е во изградба, а е во непосредна близина на општинскта зграда наспроти средното училиште Св Кирил и Методиј. На балконите од тој објект имало градежен материјал, кој поради мало невнимание може многу да ги чини минувачите. Граѓаните бараат поголема одговорност од општинскиот градежен инспекторат. Портпаролот на општина Охрид Томе Џамтоски признава дека има одредени инвеститори кои ги нарушуваат правилата, но сепак ги оправда општинските градежни инспектори.
„Во секој случај кога нашите градежни инспектори укажуваат на одредени неправилности инвеститорот во моментот ги отстранува. Но невозможно е ако во моментов се работи на 30 објекти каде се гради да имате 24 часовен надзор на сите објекти и дали секој ги почитува докрај законските процедури“.
Џамтоски посочи дека во Законот за градба пропишана е процедура, како секој објект треба да се гради и кои мерки треба да ги преземе тој што го гради објектот и дека се тоа инспекторите го пратат.
„Факт е дека при контрола на нашите градежни инспектори откако ќе се добие градежната дозвола и целата документација, сите на почетокот постапуваат според она што го налага законот и процедурата. Има заштитни влезови, посебни влезови од каде што доаѓа градежната механизација и се тоа на почетокот се почитува“.
Џамтоски убедува дека работата на градежниот инспекторат не е лесна не можат да постигнат на сите градилишта да се присутни постојано, но уверува дека доколку има било какви нарушувања, дали тоа ќе бидат по допрен глас или од увид на терен, ќе биде постапено согласно законот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град