Матиловска: Димитар сеуште е дел од мојот живот

Втора книга на Драгица Матиловска. Дневникот „Мојот Живот после изгубен живот“, во кој авторот ја соголува својата душа, раскажувајќи за неизмерната болка и тага по прерано изгубеното чедо, кое свирепо беше убиено за новогодишната ноќ во 2016 година.

 |  Николоска Биљана  | 

Драгица Матилоска ја објави својата втора книга под ист наслов како и првата „Мојот Живот после изгубен живот“. Мајката чие што момче свирепо беше убиено и оставено на ладната калдрма пред Табана, не престанува да пишува и твори, евоцирајќи ги спомените на својот 26 годишен син Димитар, кој премлад заврши на студените градски гробишта. Таа кажува дека живее за да ги исполни ветените обврски пред нејзиниот син, да има кој да ја отвори куќата и да го запали светлото, кој да го навади лимонот и да пие кафе на тераса во нивната куќа во Варош.

Живеам да живее и домот во кој живее духот на мојот син. Јас не признавам…велам телото му е таму а неговиот дух ме чува кога ќе посакам јас. Живеам за правдата да ја оцрни неправдата. Живеам перото на моето срце да го овековечи ликот, добрината и младоста на мојот син. Живеам, животот на моето дете преточено на хартија да биде хумано дело на посреќно утро за невина младост ученик кој боледува од мускулна дистрофија“

По смртта на мојот син секој ден за мене е пекол, вели Драгица. Таа до ден денес не може да го прифати фактот дека нејзиниот син е свирепо убиен, вели дека живее со спомените, неостварените соништа и голема тага и болка. Порача ниту една мајка да не ја доживее болката по трагично изгубено чедо во цутот на младоста.

„Сега сме месец март. Јас точно две години и три месеци не сум го видела моето дете. Да го видам Димитар макар и во соништата за мене наредниот ден преставува радост….го немам допрено, му немам кажано колку те сакам ми фалат многу разговорите со Димитар “

Матилоска големата болка по загубата на својот син ја ублажува преку комуникација со нејзините пријателки кои сочуствуваат со нејзината тага и ја поддржуваат да продолжи да пишува. Пред дневникот на Драгица Матиловска не постои срце кое би можело да издржи, ниту око кое не би пролеало солза. Мајката која го изгуби синот еден час после полноќ во новата 2016 година, најави дека ќе продолжи да твори за хуманитарни цели.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top