Градоначалникот Јован Стојаноски ги прими учесниците на Бреин о бреин натпреварот во Белград. Тој на децата им честиташе за успешниот настап на натпреварот во Белград и рече дека охридските бреин о бреин генијалци се вистински амбасадори на Охрид.
Охридските бреинобреин генијалци на средба со градоначалникот Јован Стојаноски. Тие пред првиот човек на градот се пофалија со постигнатите резултати од првиот Национален Бреинобреин натпревар „БОБ ФЕСТ Србија 2018“ кој се одржа на 18 ти март во Белград.
„Освоивме се што може да се освои таму бидејќи навистина бевме вон конкуренција бидејќи другите центри околу нас се стигнати до 6, 7 ниво. Така да сме лидери и она што е многу важно и за општината и за нас како центар голема желба пројавија од Центарот во Виена во Австрија и од бреинобреин центарот во Сараево во БиХ да дојдат овде и да бидат гости во Охрид да учествуваат на едно интерно локално натпреварување и дружење. Така да ќе го промовираме и рекламираме Охрид “
Нашите бреинобреин генијалци во Белград се претставија со мултимедијален перформанс „Грдото пајче“ преку кој ги презентираа стекнатите вештини и знаења. Нивниот тренер и координатор на БОБ програмата Валентина Кузманоска рече дека нашите деца на посебен начин ги презентирале стекнатите вештини и знаења за мултитаскинг и визуелно, без употреба на абакус, во исто време пресметувале математички операции, собирање, одземање, множење и делење на двоцифрени и троцифрени броеви. Тие добиле и посебни награди од организаторот и амбасадорката на Индија во Србија.
„Одлучивме овој пат децата кои што го посетуваат највисокото ниво, 9 то и дел од децата кои што ја имаат комплетирано програмата 10 то ниво да присуствуваме на првиот Национален натпревар кој се одржа во Белград. Конкретно нашата група 16 деца се претставивме со еден балетски перформанс.
Градоначалникот Јован Стојаноски им порача на децата дека многу важно е да учат, напредуваат и достојно да го претставуваат нашиот град секаде каде што ќе се натпреваруваат.
„Сите овие успеси кои што сте ги направиле во Белград се успех и на нашиот град но и на нашата земја и на таков начин вие само го подобрувате изгледот на нашиот град и нашата држава го промовирате, рекламирате и многу луѓе го знаат Охрид и ќе дојдат да го виста нашиот град, и тоа многу значи и за вашите родители за сите кои што живеат во Охрид затоа што ќе имаме подобра економија подобри услови за живот и едноставно ќе бидеме поубав град “.
Децата од БОБ-Црвен крст Охрид покрај учество на натпреварот, имале можност да разгледаат дел од културните знаменитости на Белград.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град