Од почетокот на годината има измени во начинот на пријавување дефекти на купената стока до државниот пазарен инспекторат објаснува Ѓоко Бошалески началник на оваа ПЕ. Од 16 јануари стапи на сила одлуката за претсваките од граѓаните да не можат да се пријавуваат анонимно како досега.
Од почетокот на годината има измени во начинот на пријавување дефекти на купената стока до државниот пазарен инспекторат објаснува Ѓоко Бошалески началник на оваа ПЕ. Од 16 јануари стапи на сила одлуката за претсваките од граѓаните да не можат да се пријавуваат анонимно како досега. Граѓаните може да ги пријавуваат дефектите на телефонскиот број 261 320, но при тоа да се престават со потполни лични податоци вели Бошалески.
Катерина Павлоска од охридската канцаларија на ОПМ, вели и понатка најчесто граѓаните се жалат и пријавуваат дефекти кај техничките производи. Најчесто купувачите се жалат на неисшравни мобилни телефони, панел греалки, мотори, машини за перење, фенови за коса. Доколку од организацијата на потрошувачите се обидат сами без да ј авклучат пазарната инспекција да ги решат проблемите , купувачите чекаат со месеци да се реши нивниот проблем вели Павлоска.
Државниот пазарен инспекторат и ОПМ имаат одлична соработка при заштитата на потрошувачките права на купувачите. Во првото тромесечие од годинава биле поднесени 30 барања од граѓаните за решавање на нивните потрошувачки права. Инспекторите во 90 насто од случаите ги решиле проблемите на потрошувачите во рок од три дена. Сепак најчесто трговците дефектите на кои реагираат купувачите ги прават со замена на производите или нивна поправка, но не и со враќање пари потрошени за неисправниот купен производ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град