Вчера беа пуштени од притвор во домашен притвор пратениците Василевски и Мукоски
Државното јавно обвинителство денеска ќе поднесе обвинение до надлежен суд за упадот , нередите и бруталниот напад врз тогаш опозициските пратеници во Собрание на РМ , што се случи на 27 април, минатата, 2017 година.
Обвинителниот акт опфаќа 36 лица, меѓу кои и поранешниот прв човек на МВР, Митко Чавков, пратениците на ВМРО ДПМНЕ Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, оперскиот пејач Игор Дурловски, Богдан Илиевски, Борис Дамовски и други директни извршители од кои некои се наоѓаат се уште во истражниот затвор Скопје.
Вчера беа пуштени од затвор во домашен притвор пратениците на ВМРО ДПМНЕ, како и Чавков. Домашниот притвор е укинат за Дурловски и Тарчуловски.
Како што изјави јавниот обвинител Љубомир Јовески за емисијата 360 степени на АлсатМ, сите 36 обвинети ќе се гонат за -Терористичко загрозување на уставниот поредок.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град