Канцелариите на УЈП денес со продолжено работно време

Истекува рокот за поднесување Годишна даночна пријава

 |  инфодеск  | 

Даночните канцеларии на Управата за јавни приходи (УЈП) денеска ќе работат со продолжено работно време зашто истекува рокот за поднесување Годишна даночна пријава (ГДП).

Како што соопшти УЈП, сите регионални дирекции, во Скопје, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Прилеп ќе примаат пријави до 21:30 часот, даночните одделенија во Охрид, Струга, Ресен, Кавадарци, Велес, Неготино, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Виница, Свети Николе, Берово, Гевгелија, Радовиш, Гостивар, Кичево и Дебар ќе примаат пријави до 18:00 часот, а даночните шалтери во Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево, Кратово, Делчево, Пробиштип и Валандово, вклучувајќи ги и дополнителните шалтери отворени во Центар (зграда на ССМ), како и општините Ѓорче Петров, Гази Баба и Аеродром, ќе примаат пријави до 18:00 часот.

За ненавремено поднесување, односно неподнесување даночна пријава и за нецелосно пријавени приходи, законот предвидува глоба од 100 до 200 евра во денарска противредност.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top