По интервенција на обезбедувањето, Џафери ја напушти салата
Со 64 гласа мнозинството го донесе Законот за јазиците. Претходно дојде до инцидент помеѓу Џафери и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во обид тој да му ја одземе картичката на претседателот на парламентот. Со вода беше испрскан претседателот Џафери од Груевски кога спикерот почна да ја отвора расправата за Законот за употребата на јазиците.
Веднаш интервенираше собраниското обезбедување откако Груевски и уште неколку пратеници од ВМРО ДПМНЕ се втурнаа кон Џафери.
По интервенција на обезбедувањето, Џафери ја напушти салата.
Претходно, координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Драган Данев побара пред да се гласа за Законот, да бидат разгледани амандманите поднесени од опозицијата. Тој исто така побара од мнозинството да се свика седница на комисијата за мандатно имунитетни прашања на која ќе се утврди дали Законот може да биде изгласан без разгледување на амандманите или не.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град