Секакви туристички “водичи“ шетаат низ Охрид

Локалните водичи апелираат за што поскоро решавање на проблемот.

 |  Тања Кувенџиска  | 
Gorgi Sosankoski
Ѓорѓи Сошанкоски

Бугарски и грчки туристички водичи, испревартувајќи ги фактите, им раскажуваат на гостите за културно- историското богатство на Охрид.

„Ова особено е чест случај за време на викендите кога надлежниот инспектор не работи“ , објаснуваат од Здружението на туристички водичи- Охрид. „ Ние сме најзасегнати бидејќи ни ја земаат работата“, вели претседателот на здружението, Стевчо Каневче.

Од Инспекторатот по туризам признаваат дека тешко се справуваат со т.н. диви туристички водичи.

„Имаме право да изречеме мандатна казна од 100 евра и глоба од 700, но ако странскиот државјанин одбие да ја плати не сум јас тој кој треба физички да се пресметува“ , објаснува инспектор Ѓорѓи Сошански.

„Немам право ниту да го однесам лицето до Локалната самоуправа со цел да подготвам прекршочна пријава“ . Единственото решение Сошански го гледа во формирањето на туристичка полиција и контрола при самиот влез во земјата.

Од факултетот за туризам и угостителство објаснуваат дека проблемот со дивите туристички водичи постои години наназад. Крајно време е , велат од таму, проблемот да се реши. Без тоа не може да очекуваме развој на туристичката дејност, ниту пак соодветна заштита на нашето културно- историско богатство.

turisti„Никаде во светот нема да најдете странски државјанин да раскажува за културно- историското богатство на една земја, затоа што при тоа не може да се има контрола врз тоа што го зборува“, објаснува проф. Науме Мариноски од Факултетот за туризам и угостителство.

Засега најава за воведување на туристичка полиција нема. Чекор напред е ангажирањето на дополнителни два инспектори по туризам, наместо досегашниот еден на ниво на општина Охрид.           
Согласно Законот за туристичка дејност, туристички водич не може да биде странски државјанин. Тоа може да биде единствено локален водич- лице кое го положило стручниот испит, регистрирано да ја извршува дејноста, државјанин на РМ и со завршено минимум средно образование.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top