Неисчистените канали во струшко и годинава предизвикаа проблеми, така што дел од градските населби се под вода. Надлежните убедуваат дека ќе преземат мерки за расчистување на каналите за што одвоиле 2 милиони средства од буџетот на општина Охрид.
Неколку населби во Струга деновиве се под вода. Тоа е последица од обилните врнежи кои деновиве беа зачестени но и од наглото топење на снегот. Овој проблем во Струга е децениски, велат дел од анкетираните граѓани. Тие кажаа дека една од причините е тоа што дел од куќите се изградени под нивото на езерската вода.
„Проблемот со водата е со години. Но, мислам дека главниот проблем за овие поплави е во главниот канал кој се наоѓа покрај магистралниот пат кој води за Албанија. Ако тој канал се одржува и се чисти на време, нормално дека водата ќе се влева во реката Црни Дрим и земјиштето ќе биде суво.“
„Години има како овој проблем ние го имаме и никој не дојде да не види во каква состојба се наоѓаме. Јас имам еден пар чизми, а дома сме четворица и другите се внатре блокирани и не можат да излезат. Внатре имаме вода….“
Состојбата е алармантна и во струшкото село Калишта каде повеќе од 100 хектари обработливо земјиште е целосно под вода. Таму сликата зворува дека формирано е уште едно езеро.
„Дваесет години како е направен патот, но не се дојдени да го исчистат каналот. Цело време поминуваат од овде. Ако не беше направен патот ќе беше уште поголема катастрофа. Значи сите дрва и камења кои доаѓаат од горе остануваат овде“.
Во општина Струга добро се запознати со ваквата состојба. Од таму ветуваат дека ќе отпочнат активности за чистење на каналите. Дашмир Насуфи од општина Струга, вели дека беќе биле преземени некои мерки со нивните волонтери.
„Во меѓувреме, склучен е договорот со договорената страна, односно компаниите кои ќе преземат соодветни мерки за чистење на каналите. За оваа намена општината одвои 2 милиони денари.“
И покрај оптимистичките најави на Локалната самоуправа на општина Струга, граѓаните во поплавените градски населби укажуваат дека веќе имаат големи штети од надојдената вода. Освен што им била уништената покуќнина, им настрадале и насади со раноградинарски култури.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град