Планинарски акции организирани на Фејcбук

Планинарски акции организирани на Фејcбук. Оваа појава е се почеста во последно време, а ваквите тури кои најчесто се организирани од поединци, а не од клубови и се без професионални водичи на планина можат да бидат многу опасни. Стручњаците велат граѓаните да внимаваат со кого и како се впуштаат во вакви авантури.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Во последно време се почесто се организираат планинарски тури кои не ги исполнуваат критериумите ниту на туристички, ниту на спортски тури, вели Антонио Додевски, генерален секретар на македонската асоцијација на интернационални водичи на планина. Учесниците на овие тури многупати се без никакво претходно искуство во планинарството, ниту пак имаат некаква физичка подготовка, а и опремата која ја носат со себе најчесто не соодветствува со потребите на една ваква планинарска тура. Со тоа се зголемуваат ризиците и опасностите по безбедноста на членовите на групата па едно вакво доживување може да заврши со несакани последици, додава Додевски.

Акции се организираат на Фејcбук. Не навлегувам во тоа дека се наплаќаат средства при ваквите тури и на каков начин тоа се прави и каде тие средства завршуваат, дали служат за покривање на трошоците или пак некој заработува на ваков начин. Важно е дека ваквите тури се крајно несериозно организирани, а повикот за планинарење е преку социјалните мрежи, вели Додевски.

Додевски апелира самите планинари да бидат многу побудни кога сакаат да бидат дел од некоја тура. Добро да се информираат кој е организаторот и дали зад турата стои некој клуб, дали водичот на планина има лиценца и каков е начинот на плаќање. Да не се изложуваат на ризици кои може да ги чинат многу.

Да се види добро колку луѓе ќе има во групата, на кој начин ќе бидат водени, дали членовите на групата се спортисти и дали се регистрирани во клубот кој ја организира турата, дали се исполнети сите услови од Законот за спорт на РМ, дали водичите и планинарите имаат поминато соодветни обуки, вели Додевски.

Планинарењето е се поатрактивен спорт, вели Додевски и навистина е многу добра активност преку која се релаксира и телото и умот, додава тој. Но потенцира сите кои сакаат да се занимаваат со планинарење да ги поминат сите стадиуми и обуки кои се потребни за да се стани планинар, па дури потоа да се учествува на организирани тури. Доколку турата не е организирана од некој клуб ризиците си ги сносат самите учесници.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top