Локалната самоуправа прави сообраќајна анализа

Во Општина Охрид стручни служби работат на изготвување на една издржана сообраќајна анализа пред да се донесе летниот режим на сообраќај. Некои сообраќајни решенија во градов зависат токму од оваа анализа. Се чека нејзиното изготвување за да се распише тендерот за оператор кој ќе ја воведе смс наплатата на паркинзите во градов.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Локалната самоуправа прави сообраќајна анализа за решавање на проблемите во сообраќајот и за воведување смс систем на паркинзите во градов. Планирано е поставување рампи во стариот дел на градот на двата негови влеза со што ќе се регулира сообраќајот во летниот период.

Овај пат Локланата ќе се потруди да понуди издржливо решение кое во најголем дел ќе одговори на она што значи предизвик за зголемениот сообраќај и зголемениот број возила во текот на летниот период. Во тек се анализи што нам како на локална ќе ни биде попрактично и финансиски поисплатливо, вели Томе Џамтоски, портпарол на Локалната самоуправа.

Сеуште се размислува дали со системот за смс наплата на паркинзите ќе оперира правно лице или пак тоа ќе го прави ЈП „Билјанини извори“. Во секој случај со овој систем во голема мера ќе се зголеми процентот на наплата, на паркинзите со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори“.

Од она што раководните лица ми го кажаа верувам дека до почетокот на летото неминовно треба да заврши целата оваа процедура, а верувам и дека оваа сообраќајна анализа нема да потрае повеќе од две до три недели, вели Џамтоски.

Од ЈП „Билјанини извори“ најавуваат дека во текот на овој месец се уредуваат паркинг просторите во градов. Се врши нивно обележување, се поставуваат знаци и воопшто ќе се подобрат условите на паркиралиштата. Засега зонирањето на паркинзите во градот останува исто, а со донесувањето на летниот режим на сообраќај може да претрпи промени.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top