Био гориво ќе се произведува во близина на Мауцкер

Био гориво ќе се произведува во близина на Мауцкер. ЈП Охридски Комуналец деновиве распиша тендер за изработка на урбанистичка планска документација за оформување на градежна парцела на која покрај што е предвидено производство на био гориво од био отпад, ќе се намалува и количината на отпад кој се депонира на Буково се до решението на регионалната депонија.

 |  Николоска Биљана  | 

Сеуште не е склучен договор со соседна Р. Грција за проектот„ Одржливо управување и третман на био отпад со користење методи за производство на био гориво “, за кој ЈП „Охридски Комуналец“ доби средства во висина од 513 000 евра. Во моментов донесена е одлука за имплементација на проектот за производство на био гориво од страна на ЈП, информираше Стефан Маслов. Тој додеде дека ЈП активностите околу реализација на проектот ги отпочнале предвремено со цел да бидат подготвени за потпишување на договорот.

Во меѓувреме бидејќи сеуште не е склучен договорот ЈП за да се забрза постапката има распишано тендер за изработка на урбанистичка планска документација во делот на Мауцкер

Со оформување на парцелата на локалитетот Мауцкер, ЈП решава еден од погорливите проблеми, односно, намалување на количеството на био отпад кој во моментов се депонира на депонијата Буково, вели Маслов.

На истата локација ќе се произведува био гориво за потребите на возилата на ЈП, тоа био гориво може да се користи дури за производство на електрична енергија со посебни агрегати. Со оформување на парцелата предвидено е решавање на друг проблем. На истата парцела предвидена е и претоварна станица

Инаку како што веќе информиравме, станува збор за проект што општина Охрид го реализира во рамки на Програмата за прекугранична соработка со Република Грција, поточно Општината Лагадос, Државниот технички универзитет во Атина, Централниот сојуз на општини во Грција и Факулетот за информатички науки и технологии „Св Апостол Павле“ од Охрид. Средствата за проектот се обезбедени преку конкурс за финансирање прекугранични проекти од ИПА 2 фондовите за развој предвидени за периодот од 2014 до 2020 година. Рокот за реализација на овој проект е 24 месеци од потпишување на договорот. Оценката на градската власт е дека обезбедувањето законски и финансиски услови за одржливо управување со отпадот и третман на истиот ќе доведе до успешен економски развој на јавното претпријатие и намалување на дивите депонии во охридскиот регион.

 

 

 

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top