Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски ја корегира одлуката за висината за наплата на надоместокот за поставување на урбана опрема.
На денешната средба на градоначалникот Јован Стојаноски и дел од неговите соработници со претставници на угостителскиот еснаф беа усогласени ставовите околу наплаќањето на комуналната такса и надоместокот за поставување на урбана опрема. Овие предлог – одлуки ќе бидат ставени на дневен ред на наредната седница на Советот на општина Охрид. На средбата повторно дискутабилна беше законитоста на ставката за краткотраен закуп, која според претставниците на угостителскиот еснаф не била правно неиздржана. Од таму посочија дека нивните сознанија и консултации со другите општини во Македонија говорат дека согласно важечките закони единствена ставка која се плаќа за поставување на урбана опрема на јавни површини пред деловни објекти е комуналната такса.
Додека пак од општина Охрид се категорични дека надоместокот за поставување на урбана опрема на јавни површини односно на градежно изградено и уредено земјиште, согласно законските прописи ќе се плаќа, врз основа на склучен договор за краткорочен закуп и за времетраење кое корисниците го побарале пред склучувањето на договорот. Од таму излегоа и со предлог за намалување на првично предложените суми. Наместо 400 за зона А, 300 за Б и 200 за зона В, предлог новите тарифи се 300, 250 и 200 за метар квадратен. Исто така градоначалникот Стојаноски го прифати предлогот на угостителскиот еснаф за воведување на летна и зимска тарифа за плаќање за урбана опрема. Тоа значи дека намалените цени доколку ги изгласа Советот на општина Охрид на наредната седница, ќе важат за летната тарифа која се смета од периодот на месец мај заклучно со месец октомври, додека пак во останатите месеци надоместокот за плаќање на урбана опрема ќе биде 150 ден од метар квадратен.
На денешната средба усогласен беше и ставот во врска со елабаоратите кои досега се изготвуваа секоја година, односно ако не постои измена во фактичката состојба, постоечкиот елаборат ќе важи. На средбата беше прифатена понудената опција од Локалната самоуправа, комуналната такса за вршење дејност да се плаќа до 5 ти секој месец и да изнесува 10 денари за зона А, 7,5 денари за зона Б и 5 денари за зона В , во периодот од мај до октомври, а за останатиот период да се плаќа по 5 денари за метар квадратен во трите зони.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град