Охрид конечно ќе добие современа библиотека. До летово НУ библиотека „Григор Прличев“ треба да се пресели во новите простории. Се чека Министерството за култура да ги префрли издвоените средства за набавка на мебел по што ќе биде распишан јавен повик. Првиот тендер пропадна поради немање пари.
НУ библиотека „Григор Прличев“ до налето ќе се пресели во новите простории. Со тоа ќе се реализира одлуката на Владата на РМ донесена уште во 2013та а со која просториите каде беше сместена НУ Фестивал„Охридско лето“ и беа доделени на библиотеката на трајно користење без надомест. Постапката која започна пред пет години се оддолжи поради немањето доволно срества за дозавршување на работите. Во првата фаза од овој проект беа направени погрубите градежни работи како малтерај, поставување изолација, менување на подот, а во втората фаза се уредуваше внатрешниот дел. Во 2016та година беше распишан тендер за набавка на мебел за библиотеката, но истиот пропадна. Сите кои аплицирале на тој тендер понудиле повисоки цени од средствата што тогаш министерството ги издвоило за таа намена. Сега од Министерството за култура се доделени 580 000 ден. за набавка на мебел во охридската библиотека.
Мислам дека со овие пари што сега ни ги додели министерството ќе успееме да го надминиме сето тоа. Сега ние како што водовме од програмата на Министерството за култураколку пари се доделени сметаме дека овој тендер ќе е успешен, но ние сеуште немаме добиено ништо на писмено. Кога ќе добиеме допис дека тие пари веќе ни се доделени тогаш можиме да распишиме тендер,вели Гордана Змејкоска-директорката на НУ библиотека „Григор Прличев“.
Во просторот каде се наоѓаше „Охридско лето“ првично беше планирано да биде сместено детското одделение со читална за деца, а еден мал простор требаше да биде прилагоден како игротека за деца. Во делот пак каде и сега се наоѓа библиотеката требаше да биде сместено одделението за возрасни читатели и администрацијата. Но, директорката кажува дека сеуште не е сигурно дали овај план ќе биде реализиран или пак детското одделение ќе остане во старата зграда. Сепак Охрид ќе добие една современа библиотеката како и што му доликува.
Се надеваме дека ќе добиеме една современа библиотека иако мислам дека нема пак да биде онака како што треба да биде, но сепак ќе добиеме поголем простор кој ни е неопходен затоа што сега во овој мал простор од 240 метри квадратни ни е и детското и возрасното одделение, вели директорката.
Инаку, библиотеката ќе биде од отворен тип па читателите ќе можат да ги разгледуваат книгите и самите да си одберат што ќе читаат.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град