Отчет за 100 дена од мандатот на Рамиз Мерко

Изминативе 100 дена од работењето на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко поминале во скенирање на состојбата во општината. Градоначалникот вели дека затеkнале големи злоупотреби и долг од 450 милиони денари од кои 50 милиони биле по основ на камати со правосилни судски пресуди.

 |  Николоска Биљана  | 

Отчет на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за 100 те дена од работењето после Локалните избори. Мерко посочи дека затекнале општина со многу проблеми и долгови, но рече дека нивна обврска која ја ветиле пред граѓаните е да Струга да ја направат подобро место за живеење за сите граѓани подеднакво.

Во изминативе 100 дена превзедовме сериозни чекори со тоа што ја деполитизиравме администрацијата на општина Струга и истата им ја вративме на граѓаните да им служи како сервис, а не за своите лични потреби и интереси. Професионалната служба ја вративме на граѓаните и имаме засилено темпо на работење

Мерко изнесе сериозни забелешки во работењето на претходната гарнитура предводена од Зијадин Села, посебно во Секторот за урбанизам. Биле издвани решенија за легализација, спротивно на законот.

Исто така издавани се решенија за легализација на имот кој што е во сопственост на РМ и на физички лица без да бидат приложени соодветни изјави од сопствениците на имотот. Издавани се решенија за објекти кои што се наоѓаат надвор од градежен опфат без претходно да биде донесена одлука од страна на Советот на општината без која согласно закон не смее да се изврши легализација, меѓутоа Зијадин Серла и Ресул хани потпишувале согласност и решенија со што е извршена груба промена на законската регулатива“ .

Како еден од посериозните проблеми со кој што се соочила општина Струга бил проблемот на вработување лица кои никогаш не се појавиле во зградата на општината. Дел од нив биле од Скопје, Тетово и од Струга, а исто така имало и лица кои се на работа во Америка и противзаконски биле одлободени од работа во општина Струга, а како доказ навеле дека се наоѓаат во Р. Албанија на студии. Мерко откирва дека од страна на претходната власт сите тендери во кои посредувале Арслан Истрефи и Албрим Хоца ги добивале амо три фирми и тоа Трим лум, Пошка Сони и Тим Петрол.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top