Ќе се става ред во каналот Студенчишта

Локалната ги финишира разговорите со Министерството за транспорт и врски и со Министерството за одбрана за изградба на марина кај каналот Студенчишта. Треба само уште да се направи ревизија на проектот за Студенчишкото блато и доколку марината нема да има влијание врз овој еко систем таа ќе се изгради. Дотогаш ќе се прави ред во каналот кој сега е единственото место за паркирање на пловните објекти.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Ќе се уредува каналот Студенчишта, а се поизвесна станува и изградбата на марина. Градоначалникот Јован Стојаноски вели дека овој капитален проект мора да се реализира, но најпрво треба да се заштити Студенчишкото блато бидејќи неговото значење за Охридското езеро е огромно. Веќе е договорено да се направи ревизија на Студијата за Студенчишкото блато, разговорите со Министерството за транспорт и врски и со Министерството за одбрана се во завршна фаза и ако студијата за блатото покаже дека може да се гради марина на тој потег тоа и ќе се направи, вели Стојаноски. Идеен проект за марината и за пристаништето веќе има, додава градоначалникот.

Тоа се би се одвивало на крајот на 2018 и почеток на 2019затоа што за се треба да имаме обезбедено финансиски средства, а сега ги немаме. Меѓутоа најважно е дека ќе ни помогне и министерството за транспорт и врски и за одбрана за овој капитален проект. Но претходно сето тоа треба да се стави на хартија, вели Стојаноски.

Се до изградбата на современа марина каналот и понатаму ќе се користи за стационирање на пловните објекти, а бидејќи сопственоста на овој простор е поделена на неколку субјекти, Локалната има сама на дел од него ингеренции. Тоа е оној дел кој претходната локална власт го уреди и направи една современа патека.Пловните објекти кои имаат свои везови токму на овој потег треба на локалната да и плаќаат надомест, но работите на тој план тешко одат.

За жал не се наплатува тука или пак се наплатува на нелегален начин кој ќе го отстраниме во најскоро време и ќе ставиме точка, вели Стојаноски.

Останатите делови од каналот Студенчишта и припаѓаат на МВР и на Министерството за одбрана, а има еден дел кој е приватна сопственост. Инаку стручните лица сметаат дека каналот би било најидеално место за изградба на долго најавуваната марина од повеќе аспекти, а пред се и од безбедоносен бидејќи тука пловилата ќе бидат најзаштитени од надворешните влијанија и од временските неприлики.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top