На Прличевите беседи, промовирана книгата „Сага за Охрид“

Во Националната Установа, библиотека „Григор Прличев“, денес беше промовирана првата книга на авторот Валентина Нелоска. Не е лесно точно денес на Прличевите беседи да се говори за творечкиот моментум и процес за создавањето на „Сага за Охрид“. Тое е дело кое дише со Прличев и докажува дека Охрид отсекогаш бил привлечен, а охриѓани и пред два века живееле европски, истакна еден од промоторите Милчо Јованоски.

 |  Николоска Биљана  | 

На Прличевите беседи, настан кој се случува во рамките на одбележувањето на 125 годинишнината од смртта на нашиот преродбеник и поет од 19 век Григор Прличев, беше промовирана книгата „Сага за Охрид“, од авторот Валентина Нелоска. Чест е да се биде дел на една од најзначајните манифестации на град Охрид, но и на цела Македонија, вели авторот. Неловска со нескриени емоции кажува дека инспирацијата за книгата ја црпи од нејзината неизмерна љубов кон Охрид, со сеуште свежи спомени онаков каков што таа го познава од нејзиното детството поминато во близина на хотел Палас, па се до ден денес.

Ние сите творци кои што оставаме еден мал дел од нашата традиција и култура во наследство на идните поколенија сме само еден мал дел од тој мозаик на нашата култура и историја. Во Сага за Охриде собгран само еден мал дел од нашата историја и култура, тоа е нашата приказна, историја која има длабоки корени за која треба да се гордееме да читаме и да се осознаваме

За да се создаде една ваква книга потребно е авторот да ја познава историјата на градот, бидејќи делото „Сага за Охрид“ е огледало на времето и годините, истакна промоторот Милчо Јовановски, признавајќи дека додека и тој самиот ги читал 35 те приказни се навраќал на спомените од детството и во секоја од нив наоѓал по едно длабоко скриено бисерче филигрански умешно дотерано.

Многу нешта кои кога ја читав книгата ми излегуваат како слики пред мене, она што јас сум го слушал и сум го доживеал и гледал но и другите што ми го прераскажувале. Охрид навистина е една колективна меморија и оваа книга како еден трезор на минатото, претпоставувам дека треба да ја има секој охриѓанец како своја посебна реликвија затоа што на некој начин во себе ја содржи историјата, културата и животот на Охрид и неговите традиции“

Промотор на книгата беше и истакнатиот проф. д-р Павле Митрески кој се осврна на содржината на книгата.

На Прличевата визита присутен беше и градоначалникот на Охрид, претседателот на градскиот Совет, советници, пратеници, Олга Прличева, внуката на Прличев, која секоја година е присутна на оваа манифестација како и повеќе автори од охридско – струшкиот регион. Книгата „Сага за Охрид“ не е дело што се чита само еднаш, туку нејзините страници кријат детали кои секогаш ви откриваат по нешто ново, кое пак дополнително ве вовлекува да истражувате се повеќе и повеќе за древниот Охрид и неговото историско минато од крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top