На паркинзите во Охрид конечно ќе се воведе смс систем на наплата

И на паркинзите во Охрид конечно ќе се воведе смс систем на наплата. Локалната веќе изготвува студија за спроведување на ваков систем, а набрзо ќе биде распишан и тендер за набавка. Во градов засега не е предвидено да се направат нови паркинзи иако потреба за тоа има постојано.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Летово на паркинзите со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори“ ќе се воведе системот за наплата преку смс пораки. Овој начин на плаќање беше најавен уште пред неколку години, но тогашната локална власт не успеа да го имплементира. Со овој систем во голема мера ќе се зголеми процентот на наплата, вели директорката Гордана Јованоска.

Ќе имаме посовремен начин на наплата што му доликува на град како што е Охрид. Овој систем требаше да биде и досега воведен, но никогаш не е доцна. Ние веќе работиме на таа проблематика. Локалната изготвува и студија за спроведување на ваков систем, а набрзо ќе биде распишан и тендер за набавка, објаснува Јованоска.

Од ЈП „Билјанини извори“ најавуваат дека во текот на овој месец ќе се уредуваат паркинг просторите во градов. Ќе се врши нивно обележување, ќе се поставуваат знаци и воопшто ќе се подобрат условите на паркиралиштата. Засега зонирањето на паркинзите во градот останува исто, а со донесувањето на летниот режим на сообраќај може да претрпи промени.

Потребно е во централното градско подрачје колите пократко да се задржуваат особено во летниот период за да можат странските гости кога ќе дојдат да најдат паркинг место за да го остават својот автомобил и да го разгледаат градот, особено стариот дел, да пијат кафе и да си заминат, објаснува Јованоска.

Директорката кажува дека тие стопанисуваат со 950 паркинзи, а од зона А има околу 550 паркинг места. Нови паркинзи засега не е предвидено да се направат иако потреба за тоа има постојано.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top