Се рехабилитира дел од регионалниот пат Охрид – Св Наум, односно 6 километри од Бензиската пумпа кај Билјанини Извори до Коњско. Од Градежното претпријатие ИЛИНДЕН, Струга известуваат дека од 30 јануари годинава на овој патен правец има измената на режимот на сообраќај а на местата на градежните работи ќе има соодветна вертикална и хоризонтална сигнализација.
Деновиве се рехабилитира дел од регионалниот пат Охрид – Св Наум. Станува збор за санација на 6 км коловоз од бензиската пумпа Билјанини извори до Коњско, информираат од Градежното претпријатие Илинден, Струга, кои ги изведуваат зафатите, по претходно добиен тендер од ЈП за Државни патишта.
Директорот на компанијата Раде Трајкоски за ТВМ информираше дека во моментов го чистат патот, ги гребаат и пополнуваат дупките за да може да се стави нов слој на асфалт на овој потег. Трајкоски кажа дека според предвидената динамика до крај на месец април ќе завршат со реализација на овој зафат, чија финансиска конструкција изнесува 200 000 илјади евра. Тој открива дека со средства од Европската Банка за развој и останатиот дел од регионалниот пат Охрид Св Наум за скоро време целосно ќе биде рехабилитиран. Познато е дека патниот правец Охрид – Св Наум е во многу лоша состојба. Големите дупки, уништениот асфалт, застарените сообраќајни знаци, зарѓаните и искорнати банкини а на критичните места и тесната коловозна лента, се само дел од опасностите кои ги демнат возачите на оваа сообраќајна делница. Овој пат е изграден далечната 1969 година и речиси 5 децении овој пат само се крпи на одредени места.
Инаку и Локалната самоуправа на Охрид во заедничка соработка со државната агенција за патишта реализира низа инфраструктурни зафати. Од одделението за односи со јавност информираат дека приоритет биле патиштата од Билјанини извори до Метропол, десната коловозна лента, Распаќе од Туристичка до Даљан, Туристичка од Гимназија до бензиска пумпа, а во преговори биле и за рехабилитација на патот преку Галичица – Трпејца – Отешево. Исто така од таму кажаа дека се очекува распишување на тендер за изведувач кој ќе работи на проширување и реконструкција на коловозот од Лескоец до 15 Корпус.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град