Градоначалникот Јован Стојаноски не обелодени колкав е долгот на општината

Висината на долгот на општината засега не е информација за јавност, рече градоначалникот Јован Стојаноски. Тој кажа дека долгот секојдневно расте и се изнаоѓаат механизми како да се намали. ПОкрај финансискиот долг проблем е и материјалниот долг, потенцира градоначалникот.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Градоначалникот Јован Стојаноски не обелодени колкав е долгот на општината. Тој рече дека се знае точно колку општината должи, но дека сега не е вистински момент за да се каже тој податок бидејќи во тек се преговорите со доверителите за опростување на дел од долгот или на дел од каматите.

Ние дневно како општина губиме по 10 000 евра. Толку растат долговите на општината. Или претворено во број на вработувања секојдневно губиме по две вработувања во рамките на општината, кажа градоначалникот.

Стојаноски посочи дека покрај финансискиот долг проблем на општината преставуваат и материјалните долгови. Во билансот на состојба на општина Охрид многу од она што го сметаме дека е нејзин имот вклучувајќи ја и зградата каде што се наоѓа општината не е евидентирано, објаснува градоначалникот.

Не знаеме што е имот на општината , не знаеме кои се побарувањата кои што ги имаат граѓаните и затоа не е само финансискиот долг проблем. Проблем е и материјалниот долг, рече Стојаноски.

Градоначалникот побара поддршка и разбирање од страна на граѓаните во решавањето на проблемот со наследениот долг и кажа дека тој заедно со службите во општината сериозно се зафатени за решавање на овој децениски проблем.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top