Ќе се отвора Центар за ран детски развој во населбата Рача

Поддршка од УНИЦЕФ за отворање на Центри за ран детски развој во партнерство со општините. Охридската градинка веќе аплицираше за овој проект, и доби средства од УНИЦЕФ, за отворање на еден ваков Центар во населбата Рача. Во рамки на партнерството, УНИЦЕФ ги покрива иницијалните трошоци, реновирање на просторот, мебел, материјали, играчки, дидактички средства и обука за едукаторот.

 |  Николоска Биљана  | 

Во охридската населба Рача ќе се отвора Центар за ран детски развој. Детската градинка „Јасна Ристеска“, преку канцаларијата на УНИЦЕФ веќе има поднесено апликација за отварање на еден ваков Центар открива директорката на Установата Мери Рилкова. Директорката појаснува дека станува збор за Центрите за ран детски развој претставуваат алтернатива на градинките во локални заедници каде нема детски градинки, пред сe во селските и маргинализираните средини.

„Се аплицираше за во населбата Рача во простории на училиштето Григор Прличев, значи веќе имаме согласност од УНИЦЕФ за средства, треба да добиеме согласност и од Советот на општина Охрид и се надевам дека за брзо време ќе го реализираме тој проект“.

Рилкова предочи дека во населбата Рача се испоставило дека потребен е Центар за ран детски развој во кој ќе се нудат кратки форми на предучилишно образование и воспитание за деца.

Од направените анализи со Советот на родители се покажа дека има интерес дека околу 25 деца досега би посетувале. Значи се работи за група од 3 до 6 годишна возраст и со адаптирање на просторот, пренамена на дел од училиштето ќе обезбедиме услови за дечињата од предучилишна возраст

Во Центарот за ран детски развој еден воспитувач ќе работи со децата од целната група, а доколку се зголеми интересот за грижа на децата би можело да се формираат и две групи информираше Рилкова. Таа појасни дека разликата помеѓу градинките и Центрите за ран детски развој е во тоа што Центрите не се обезбедува услуга за целодневна грижа за детето, односно децата кои ги посетуваат Центрите не јадат и не спијат во центарот, туку обезбедуваат само организирана програма за рано учење и развој по два до три часа во денот. Центрите за ран детски развој, исто како и градинките, работат според националната Програма за рано учење и развој која е базирана на Стандардите за рано учење и развој.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top