Македонија со тешкотии ги искористува средствата од светските фондови

Потребно е поедноставување на процедурата за добивање на грантови, бидејќи Македонија досега потешко ги искористуваше средствата од Европските фондови, предочуваат туристичките експерти. Тие се оптимисти дека наскоро тоа ќе се промени преку служби кои директно ќе помагаат во добивање на грантовите.

 |  Николоска Биљана  | 

Охриѓани се запознаа со можностите за добивање подгрантови во рамки на проектот за локална и регионална конкурентност. Пред објавувањето на вториот повик за доделување на подгрантови за поддршка и развој на туризмот добро е клучните чинители во дестинацијата да се запознаат со концептот, методите и бенефитите од управување со дестинации, а потенцијалните апликанти подетално да се запознаат со специфичните развојни планови, вели Маја Блажев која е ангажирана како специјалист за развој на туризмот во овој проект.

„Нашиот проект и тимот кој што работи на овој проект ги има разработено и олеснето начините и апликациските формулари. Воедно организираме и работилници на кои чекор по чекор се објаснува самиот процес и начинот на пополнување на апликациите така да сите консултанти стојат на располагање и можам да кажам дека процесот преку пректот за локална и регионална конкурентност е доставен и да апелирам на луѓето инволвирани од секторот на туризам да излезат и аплицираат на вториот повик кој ќе биде објавен наскоро“- вели Блажев.

Средствата кои Европскат комисија ги одобрува за унапредување на туризмот се од голема корист сметаат експертите од ФТУ Охрид. Проф Науме Мариноски вели дека една од добрите околности е тоа што сите чинители на туризмот можат да искористат дел од европските средства, нагласувајќи дека, принципиелно мора да бидат утврдени носителите на туристичката политика и економија во определени простори како што е нашиот.

„Прецизно, јасно и недвосмислено најпрво да се определи туристичката дестинација да се дефинира и да се ограничи. На тој начин ние ќе имаме еден систем на дестинации кои ќе можат успешно да се развиваат. Тоа претпоставува глобално унапредување на туризмот во Македонија и парцијално во определени регионални целини или туристички дестинации“ – посочува проф. Мариноски.

Проф. Мариноски предочува дека Македонија досега тешко ги користела европските фондови. Тој очекува дека наскоро тоа ќе се промени и ќе има служби кои директно ќе помагаат во добивање на грантовите.
Проектот е финансиран од страна на Европската унија. Првиот повик за доделување подгрантови кои ќе го подобрат локалниот економски развој на одбраните дестинации е завршен. На него се пријавиле 147 подпроекти од сите градови.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top