Иван Лотески најсреќен од стотината капачи кои денес запливаа во ладната езерска вода со желба да го фатат Светиот крст.
Иван Лотески најсреќен од стотината капачи кои денес запливаа во ладната езерска вода со желба да го фатат Светиот крст. Овај 27годишен варошанец за Водици се капи од својата 12-та година, а ова е прв пат да го фати крстот.
Чуството е одлично прекрасно, се чуствувам многу убаво, скокам веќе 14 години и го чекав овај момент многу долго. Секоја година бев среќен ама оваа сум најсреќен. Ова е еден од најубавите празници за охриѓани и да го славиме уште помасовно, да има мир и љубов кај сите, многу здравје и нека е за многу години, им порача Лотески на сите христијани.
Денес на градскиот плоштад имаше неколку илјади граѓани кои го проследија настанот за одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици. Покрај охриѓани имаше и многу домашни, но и странски гости кои воодушевено ги следеја случувањата.
И оваа година манифестацијата Богојавление-Водици беше во организација на Дебарско- кичевската епархија во соработка со локалната самоуправа.
Задоволни сме. Имавме една убава организација, фаќањето на крстот измина во најдобар ред и им посакувам на охриѓани да го сакаат градот и заедно да направиме многу повеќе за неговиот развој, рече градоначалникот Јован Стојаноски.
Во организацијата на Богојавление- Водици своја поддршка дадоа и јавните претпријатија, Црвен крст, нуркачкиот центар „Амфора“, како и фаќачите на светиот крст од минатите години. Организацијата помина во најдобар ред без никакви инциденти или поголеми пропусти.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град